Иранските власти започнале операција на засејување облаци со цел да предизвикаат врнежи во текот на една од најголемите суши во последните неколку децении. Овие активности започнале во сливот на езерото Урмија, чие ниво значително е намалено. Вакви интервенции се планирани и во други делови на земјата.

Минатата година Иран најавил дека ќе развива сопствена технологија на засејување облаци, а надлежните служби ќе прскаат со сребро јодид. Националната метеоролошка служба објавила дека Иран ја живее најсушната есен во последните 50 години, а количината на врнежи оваа година е 89% под долгорочниот просек. Засега неколку земји од Блискиот исток имаат развиено технологии за засејување облаци, меѓу кои и Обединетите Арапски Емирати.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија