Насловна / Вести / Започна со работа првото комерцијално складиште на CO2

Започна со работа првото комерцијално складиште на CO2

Компанијата Northern Lights ги складираше првите количини CO2 под дното на Северното море во Норвешка. Фирмата тврди дека на тој начин станала прва која нуди комерцијални услуги за зафаќање и складирање на јаглерод. Northern Lights е во сопственост на нафтено – гасните гиганти  Equinor, TotalEnergies и Shell. Првите количини на CO2 се транспортирани преку цевковод од 100 km и складирани се во резервоарот Aurora, на длабочина од 2.600 метри под дното на норвешкото Северно море. Испораките на CO2 од Данска и Холандија ќе стартуваат во 2026 година.

Кoмпанијата ќе транспортира и ќе складира CO2 за две норвешки фирми: цементарницата  Heidelberg Materials во Бревик и постројката за преработка на отпад на компанијата Hafslund Celsio во Осло. Освен тоа, потпишани се комерцијални договори со фирмите Yara од Холандија, Ørsted од Данска и  Stockholm Exergi во Шведска. Првата фаза на инвестицијата која ја развива Northern Lights е дел од владиниот проект за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид (CCS) под името Longship. Како што тврди норвешката влада, тоа е првиот комплетен вредносен синџир во Европа за зафаќање, транспорт и складирање на индустриски емисии на CO2 во Европа и најголема климатска иницијатива во историјата на норвешката индустрија. Longship вклучува и владина поддршка за развој на инфраструктурата на компанијата Northern Lights.

Испрати коментар

Scroll To Top