Насловна / Вести / Започна со производство првиот кинески нуклеарен реактор од третата генерација

Започна со производство првиот кинески нуклеарен реактор од третата генерација

Првата кинеска нуклеарна електрана, која користи домашен дизајн за нуклеарен реактор од третата генерација Hualong One, е пуштена во комерцијален погон. „Во градот Фучинг, на истокот на Кина, после седумдневниот пробен погон на реакторот број 5, веќе се произведува електрична енергија за продажба“, соопштува кинеската Национална нуклеарна корпорација  (CNNC).

hualongone1

Со пуштањето во работа на овој реактор, Кина застанува рамо до рамо со САД, Франција и Русија, кои веќе користат нуклеарна технологија од третата генерација. Реакторот Hualong One има проектиран експлоатациски век од 60 години и ги задоволува најстрогите безбедносни стандарди на светот. Реакторот е направен така што користи комбинација од “активни и пасивни“ сигурносни системи и има двојна обвивка согласно најновите меѓународни барања за нуклеарна сигурност. Комерцијалната употреба на овој реактор ќе и помогне на Кина во исполнувањето на развојните цели, а тоа е постигнување на јаглеродна неутралност до 2060 година.

hualongone2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top