Насловна / Архитектура / Замрзнати во времето: шест градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Замрзнати во времето: шест градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура

Пиодао, Португалија

Сместен во централниот дел на земјата, Пиодао е познат како едно од најживописните села во Португалија. Благодарение на архитектурата која се спротивставувала на вековите, ова село е класифицирано како споменик од јавно значење и привлекува многу туристи.

porto

port1

Во раниот среден век, урбаниот центар бил во Касал де Пиодам, во долината која се наоѓа во близина на сегашното село. Кога било одлучено да се изгради опатија на тоа место (која не е зачувана до денес), населбата била преместена. Принудени да ја напуштат својата земја, жителите се населиле на јужната падина на планината, веројатно околу 15 век. Таму, со текот на времето, тие го изградиле ова неверојатно убаво планинско село, чии куќи се спојуваат со планината и во форма и во боја.

Чивита ди Бањореџо, Италија

Средновековната населба Чивита ди Бањореџо се наоѓа на висока, стрмна карпа во близина на градот Бањореџо. Некогаш овие две места формирале целина, но во 18 век тие биле разделени со силен земјотрес. Стариот мост е уништен во Втората светска војна од нацистите. Денес тие се повторно поврзани со тесен пешачки мост долг 366 метри кој се протега над кањонот.

civita

Алберобело, Италија

Возејќи низ јужна Италија, поточно провинцијата Апулија, ќе ве однесе во град од друга планета, каде што куќите се слични на оние во кои живеат хобити. Бели, варовнички конструкции, без малтер, конусни покриви и тесни калдрми – добредојде во Алберобело.

alboler

Пред околу 100 години, луѓето започнале да го населуваат градот, оддалечен околу 40 км од пристанишниот град Бари. За карактеристичниот, куполен архитектонски стил се верува дека се должи на Грците, кои масовно се доселиле во Италија за време на колонизацијата помеѓу 8 и 5 век п.н.е. Толоси, грчки гробници, имале слични покриви, а на грчки јазик толос значи купола.

Фенгуанг, Кина

На југозапад на кинеската провинција Хунан, покрај бреговите на реката Туо Џианг, се наожа невообичаено место: град кој изгледа како да не го допрел здивот на модерното време.

kin

Фенгуанг, всушност, сè уште изгледа како во времето на династијата Минг (која владела од 1368 до 1644 година) и на почетокот на владеењето на династијата Чинг (од средината на 17 век) – сè уште се тука прастари куќи, тесни улички, мистериозни премини, антички бунари, храмови, единствени мостови, позната стара градска порта …

Динан, Франција

Постојат градови кои имаат свои индивидуални симболи и архитектонски чуда кои мора да се видат. Но, има и такви кои се атракција со самото свое постоење. Еден од нив е францускиот средновековен град Динан.

franc

Динан се наоѓа во северозападниот дел на Франција, во познатата провинција и полуостровот Бретања. За разлика од повеќето други градови кои се формирале во долините на реката Ран, Динан никнал на ридот поради што, тој нуди волшебен поглед.

Шармантниот средновековен град ја зачувал својата архитектура уште од 13 век, а поради неговите одбранбени sидови, шетајќи низ улиците, имате впечаток дека сте патувале низ временска машина. Многумина го сметаат за најатрактивен и најдобро зачуван стар град на Бретања.

Куенка, Шпанија

Сместен на стрмните планински падини со поглед кон клисурата на реките Хукар и Хуекар, околу 170 км источно од Мадрид, лежи средновековниот град Куенка. Градот се втопува во природниот пејзаж и кулите над шпанското предградие, познати во романот на Мигел де Сервантес.

span

Куенка е пример за добро сочувана средновековна тврдина. Таа била изградена од Маврите во 18 век и имала муслимански и христијански владетели. Го освоил Алфонсо VIII од Кастилја во 12 век, а во раните 1800-ти бил делумно уништен во Полуостровската војна.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top