Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects меѓу компаниите кои ќе ја градат „Нова Москва“

Zaha Hadid Architects меѓу компаниите кои ќе ја градат „Нова Москва“

Компанијата Zaha Hadid Architects заедно со фирмата TПO „ПРАЙД“ од Русија со која соработува, оформи конзорцијум кој ќе работи на реализација на проектот „Рублево-Архангельское“. Овој тим е еден од трите кои победија на конкурс за оваа нова, грандиозна населба која ќе се гради на западната страна на руската престолнина Москва. Тимот ќе работи и со колегите од другите два тима, кои се исто така дел од победниците на конкурсот – Nikken Sekkei од Јапонија заедно со руското биро UNK Project, како и италијанските архитекти Archea Associati со рускиот партнер ABD Architects. Тимовите ќе работат на изградба на објекти кои ќе се наоѓаат на површина од преку 460 хектари и ќе опфаќаат 4 милиони квадратни метри. Преку една третина на оваа нова населба наречена „Нова Москва“ ќе ја сочинуваат паркови и шуми кои ќе се граничат со реката Москва и со езеро во централниот дел на површина од 30 хектари.

3
Новата населба ќе содржи станбени единици за сместување на 66.500 жители, како и најсовремена сообраќајна инфраструктура, училишта, клиники, трговски центри, објекти од културата и 800.000 квадратни метри деловен простор, со што би се задоволиле потребите на московскиот финасиски, консултантски, ревизорски и правен сектор.

1
Мастерпланот одговара на брзорастечкиот град, чива популација пораснала за 30 посто во последните 20 години. Проектот настојува да се прилагоди на растот на бројот на жителите во градот, без да се загуши и прави притисок на центарот, наместо тоа се поставува метро линија која ќе биде долга 19 километри и ќе ги поврзува двата центра. Проект од волкав размер се смета за неопходен за ублажување на зголемениот метеж во Москва поради растот на населението.

2
Мастерпланот треба да биде „глобален репер за паметни и одржливи градови, кој ќе ја оптимизира потрошувачката и производството на одржливи локални извори на енергија, а истовремено интегрира електрична мобилност, нови технологии, услуги и инфраструктура за да се зголеми поврзувањето и ефикасноста“, велат од Zaha Hadid Architects.

5
„Работејќи со специјализирани тимови во Русија и други европски земји, развивме проект, кој во центар ги става луѓето, проект за паметен, обединет град кој ги поврзува луѓето не само преку иновативна технологија, туку и преку организирање на јавниот простор, преку изградба на заедница која ги интегрира природните аспекти на локацијата со принципи на отвореност и инклузивност во висококвалитетната архитектура погодна за 21. век“, вели Christos Passas, директор на проектот од Zaha Hadid Architects.

4

Испрати коментар

Scroll To Top