Насловна / Архитектура / Zaha Hadid Architects го претстави проектот за NOT A HOTEL на брегот на Јапонија (ВИДЕО)

Zaha Hadid Architects го претстави проектот за NOT A HOTEL на брегот на Јапонија (ВИДЕО)

Zaha Hadid Architects (ZHA) го опретстави својот проект за првиот NOT A HOTEL, крајбрежен комплекс во Окинава, Јапонија, што претставува прва реализација на новолансираните брендови на NOT A HOTEL. Сместен помеѓу тиркизниот залив на островот и густата суптропска шума, проектот го продолжува четиридецениската соработка на ZHA со Јапонија, додека истовремено го предводи изтражувањето на бирото во пејзажно ориентирана архитектура за високо чувствителна крајбрежна локација.

Како продолжение на постојните карпести формации, хотелот е артикулиран како серија од скалести хоризонтални рамнини, дворови и градини. Неговиот состав и материјалната стратегија се темелат на обемна анализа на животната средина, вклучувајќи целогодишни студии за температура, влажност, врнежи од дожд, ветрови, сончево зрачење и квалитет на воздухот. Овој збир на податоци преведен е во дигитални модели кои ја водат ориентацијата, просторното секвенцирање и обликувањето на обвивката на зградата за да се подобри удобноста на гостите, а воедно да се оптимизираат еколошките перформанси во влажната суптропска клима на Окинава.

„Информиран од извонредната топографија на локацијата, проектот е продолжение на континуираното истражување на ZHA за композицијата и материјалноста, поттикнато од истражувања на пејзажни формации видливи во природата. Скалестото обликување на хотелот нежно преминува од единствената геологија на брегот кон густата вегетација на дождовната шума – давајќи непрекинат поглед на океанот и длабока врска со околината, а воедно обезбедува чувство на приватност што го збогатува корисничкото искуство и мапира патување низ разновидните природни екосистеми на регионот“, објаснува директорот на проектот на ZHA, Лудовико Ломбарди.

Планиран на парцела од 25.322 квадратни метри, хотелот се наоѓа на тесна локаија каде што белите песочни плажи се среќаваат со стрмен шумски терен. Архитектурата е интегрирана во локацијата за да се намали нарушувањето на животната средина и да се зачуваат крајбрежните и морските екосистеми. Секоја вила е ориентирана да обезбеди непрекинат поглед на океанот и приватност, додека заедничките објекти се распоредени низ скалести тераси што ги следат природните контури на брегот.

Проектот е обликуван од карактеристичната геологија на Окинава, формирана од варовник составен од седиментни слоеви и корални гребени нанесени пред повеќе од 400.000 години. Овој терен, заедно со влажната микроклима на островот, одржува густа суптропска дождовна шума по должината на брегот. Одговарајќи на строгите упатства утврдени од шумарската комисија на островот, морските конзерватори и локалните еколошки власти, архитектурата на ZHA „лебди“ над пејзажот на границата помеѓу шумата и плажата, значително намалувајќи го својот отпечаток низ двата екосистеми и одржувајќи ја биолошката разновидност на локацијата, пишува designboom.

Дванаесетмесечна студија за дневната изложеност на сонце влијаела врз карактеристичните настрешници на хотелот, кои се протегаат од објектот и формираат заштитени тераси што каскадно се спуштаат кон брегот. Овие длабоки надстрешници ги реинтерпретираат изразените стреи што ги има во традиционалната народна архитектура на Окинава, обезбедувајќи засенчена надворешна циркулација и простори за живеење, а воедно го ублажуваат зголемувањето на топлината и отсјајот.

Локалните занаетчиски и материјални традиции се вткаени во целиот проект. Окинавискиот бор, варовникот од блиските каменоломи и керамиката произведена во регионални работилници ја зајакнуваат врската на хотелот со местото, истовремено продолжувајќи ја долгогодишната култура на занаетчиство на островот. Природната вентилација е приоритет во заедничките простори, собите за гости, апартманите и вилите, искористувајќи ги ветровите кои дуваат кон внатрешноста од океанот во текот на летните месеци.

Сместен во Источниот монсунски систем на Тихиот Океан, хотелот е проектиран да одговори на екстремни климатски услови. Сите објекти се подигнати најмалку 6,5 метри над линијата на висок водостој за да се заштитат од бури, додека конструкцијата е проектирана да издржи интензивни ветрови, обилни врнежи и сеизмичка активност поврзана со брегот на Окинава.

Изградбата има за цел да го минимизираат влијанието врз животната средина преку модуларни префабрикувани системи. Фасадата и структурните компоненти на хотелот се завршени со блед тон и текстура што ги одразуваат коралните плажи на островот, додека прецизно изработените бетонски елементи вклучуваат рециклирани агрегати добиени од непотребни локални структури, што одразува кружен пристап при употребата на материјали.

Испрати коментар

Scroll To Top