Насловна / Вести / Загубата на ледената покривка на целата Земја забрзана за 65 отсто

Загубата на ледената покривка на целата Земја забрзана за 65 отсто

Новата студија на европски експерти објавена во списанието Криосфера покажа дека топењето на мразот на нашата планета значително е забрзан во последните три децении.

Истражувачите користеле сателитски податоци за да следат поларни глечери и количината на мраз што исчезнува од нив секоја година.

led

Резултатите што ги добиле покажуваат дека во периодот од 1994 до 2017 година, загубата на ледената покривка на целата Земја се забрзала за 65 отсто. Поточно, во текот на една година во текот на деведесеттите години, се стопиле околу 800 милијарди тони мраз, додека во 2017 година исчезнале дури 1.300 милијарди тони мраз.

За да ги поставите овие огромни бројки во перспектива, пресметајте дека илјада милијарди тони мраз соодветствуваат на една огромна коцка со димензии 10х10х10 километри.

Главниот автор на студијата, Томас Слејтер од Универзитетот во Лидс, предупредува дека стапката на топење на ледените плочи е загрижувачка.

“Топењето на мразот во моментов ги следи најлошите сценарија развиени во рамките на Меѓувладиниот панел за климатски промени. Зголемувањето на нивото на морето од оваа големина ќе има многу сериозно влијание врз заедниците што живеат во близина на брегот во текот на овој век“, објаснува Слејтер.

Топењето на мразот предизвикува зголемување на нивото на морето, што го зголемува ризикот од поплавување во крајбрежните области и има сериозни последици за општеството, животната средина и економијата. Половина од 28 илјади милијарди мраз што се стопиле во набудуваниот период исчезнале од копнените ледени плочи и глечерите и досега придонеле за покачување на нивото на морето од 35 милиметри.

Во соопштението на Европската вселенска агенција се наведува дека секој сантиметар од покачувањето на нивото на морето загрозува дополнителни милиони луѓе кои живеат покрај крајбрежјето и влијае на нивно можно преместување, пренесува Клима 101.

led1

Особено загрижува фактот што скоро четвртина од мразот што се стопил во последните 24 години исчезнал од планинските глечери кои сочинуваат само еден процент од вкупната ледена покривка на планетата. Глечерите ширум светот се во голема опасност, а неодамнешното истражување покажа дека доколку глобалното затоплување не се забави, дури две третини од сите глечери на Алпите може да исчезнат до крајот на 2100 година.

Морскиот мраз исто така се топи со голема брзина, и иако не влијае на покачувањето на нивото на морето, неговото исчезнување има големо влијание и врз глобалните услови. Мразот пронајден во Арктичкиот океан и водите долж Антарктикот рефлектираат голема количина на сончева светлина, што ги лади околните области.

Сепак, сега кога има помалку од тој мраз, океанот одоздола апсорбира поголема количина на сончева енергија, што дополнително ја зголемува температурата и влијае на фактот дека поларните региони се затоплуваат побрзо од светскиот просек.

Испрати коментар

Scroll To Top