Насловна / Архитектура / Заборавената зграда на Марсел Броер ќе стане хотел

Заборавената зграда на Марсел Броер ќе стане хотел

Откако стоеше празна и запоставена во последните две децении, оваа зграда на Марсел Броер во Конектикат наскоро ќе добие нов животот, бидејќи се планира да се пренамени во хотел.

3_resize

Броер ја проектирал во 1968. година како седиште на компанија за гуми. Продадена е кон крајот на 80-тите години и отогаш доживува турбулентен период, зградата е оставена без надзор, а во 2003 година компанијата ИКЕА срушила еден дел за да на си направи паркинг за купувачите. Во последните 15 години, користена е и како простор за рекламирање, на неа се поставувани реклами и ознаки на компанијата ИКЕА.

2_resize

Се чини дека наскоро нејзината судбина ќе се промени на подобро со новиот сопственик, локалниот инвеститор Брук Бекер, кој најавил планови за нејзина адаптација и пренамена во хотел и конференциска сала, а се планира објектот да биде енергетски ефикасен и да не користи електрична енергија. Поклониците на модернизмот можат да се  радуваат, бидејќи локалните извештаи сугерираат дека фасадата ќе биде обновена, а внатрешноста преуредена за да  се овозможат 168 хотелски соби.

1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top