Насловна / Вести / За првпат се следи балкански рис со ГПС околувратник во Јасен

За првпат се следи балкански рис со ГПС околувратник во Јасен

На крајот на минатиот месец во ЗП „Јасен“ Македонското еколошко друштво (МЕД) успешно го обележаа првиот млад мажјак од загрозениот подвид балкански рис со GPS околувратник. Потфатот е спроведен во соработка со вработените од Јавното претпријатие за стопанисување со повеќе наменското подрачје „Јасен“.

ris3

“За присуството на балкански рис во Јасен имавме податоци подолго време, но досега немавме среќа да поставиме GPS околувратник на рис. Ова е првиот рис што ќе го следиме надвор од Маврово и околината, како подрачје каде што досега имаме потврда дека се размножува рисот. Се надеваме дека оваа единка ќе ни даде интересни информации за неговото хранење и движење во Јасен“, вели Диме Меловски од МЕД.

Рисот беше обележан од страна на тројца членови на нашиот тим со поддршка на еден ловочувар од „Јасен“ и двајца стажанти од Германија и Франција. Иако, нашата соработка со „Јасен“ трае повеќе од 10 години таа беше возобновена во 2020 година.

ris1

Фаќањето на овој рис е дел од полусистематската сесија за фотозамки која покажа и присуство на уште една единка на рис како и присуство на лисици, куни, јазовци, елени, срни, диви кози, диви мачки, волци и мечки.

Активностите за воспоставување на мониторинг на рисот во „Јасен“ се спроведуваат во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ во соработка со тимот на заштитеното подрачје, којшто е финансиски поддржан од Европската Унија а спроведен од УНДП со поддршка на МЖСПП.

Испрати коментар

Scroll To Top