Насловна / Вести / За прв пат електричен автомобил е избран за автомобил на годината

За прв пат електричен автомобил е избран за автомобил на годината

Престижната меѓународна награда Европски автомобил на годината, која од 1964 година ја доделуваат најпознатите списанија за автомобили од стариот континент, по прв пат оваа година заврши во рацете на производителот на еден електричен автомобил. Во склоп на саемот Geneva Motor Show, за добитник на овогодишната титула е прогласен автомобилот Jaguar I-Pace. Jaguar I-Pace е претставен минатата година. Се работи за електричен градски SUV со два мотори од по 200 коњски сили. Батеријата од 90 kW му обезбедува автономија од 377 километри според EPA тестирањето 467 по WLTP стандардот. Забрзувањето од 0 до 100 km/h декларирано е на импресивни 4,8 секунди, особено ако земеме во предвид дека се работи за возило чија маса е нешто над два тона. Најголемата брзина на I-Pace е ограничена на 200 km/h. Европскиот автомобил на годината за 2019, во регионот е достапен по цена од 83.000 до 98.000 евра, во зависност од дополнителната опрема.

jaguar2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top