Насловна / Архитектура / Прогласени најдобрите жени во архитектурата

Прогласени најдобрите жени во архитектурата

Престижниот магазин Architects’ Journal и The Architectural Review и оваа година ги прогласија победниците во категоријата Жени во архитектурата.

Главната награда оваа година и припадна на Шеила О`Донел од бирото „O`Donnell+Tuomey“ за проектот на Централниот Европски Универзитет во Будимпешта. Неодамна О`Донел е прогласена и за почесна членка на Американската академија на уметностите.

centralni-evropski-univerzitet-u-budimpesti-2

„Она е пример за младите жени во архитектурата. Шеила О`Донел не морала да го урне стаклениот плафон, она и Џон Туомеи направија нова реалност“, пишува во официјалното соопштение.

budimpesta-univez-782x521

Кинескињата Ху Тиантиан, основач на студиото „DnA“ ја понесе наградата за „Архитектура во развој“ Moira Gemmill која се доделува на жените помлади од 45 години. Меѓу објектите кои ги има дизајнирано се наоѓа мостот кој ги поврзува двете заедници во Кина, музејот Hakka  и меморијалниот комплекс Vang Jing.

fabrika-tofua-782x429

“Во целата нејзина работа постои чувство на леснотија и зрелост“, се вели во соопштението од жирито каде се додава дека сите нејзини проекти се длабоко контекстуални и добиени со храброст и убедување. Таа се обидува да работи на одржлив начин со претприемачки дух.

Лиз Дилер од студиото Diller Scofidio + Renfro, исто така, освои една награда оваа година, а тоа е медал за наградата „Џејн Дру“ која се доделува на жените од професијата што значително влијаеле на улогата на жените во архитектурата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top