Насловна / Архитектура / За крај на кариерата: Ова е последниот проект на Ричард Роџерс

За крај на кариерата: Ова е последниот проект на Ричард Роџерс

Архитектот Ричард Роџерс, добитник на наградата Прицкер, неодамна претстави проект, сместен на рид со поглед на лозјето Chateau La Coste во јужна Франција.

1_resize

Објектот, наречен The Richard Rogers Drawing Gallery, е негово последно изведено дело откако се пензиора од студиото Rogers Stirk Harbour + Partners (RSHP), кое го основа во далечната 1977 година.

Оваа уметничка галерија од 120 квадратни метри е скоро целосно одвоена од тлото и е анкерувана смо на четири точки.

2_resize

3_resize

Конструкцијата која ја носи зградата е направена во препознатлива портокалова боја, што е карактеристично и за некои други култни проекти на кои работел, како што се Центарот Помпиду во Париз и зградата Лојдс во Лондон.

7_resize

„Објектот е олицетворение на многу основни принципи на дизајн кои може да се најдат во работата на Ричард и работата на студиото RSHP. Ова вклучува читливост, бидејќи додека ја гледате зградата, јасно можете да ги прочитате нејзините компоненти и да разберете како функционира зградата, како и функцијата на секој елемент. Исто така, флексибилноста е секогаш клучна, а дизајнот има тенденција да ги задоволи идните изложби, кои сè уште не се планирани“, објаснуваза Dezeen, Stephen Spence, партнер во RSHP.

9_resize

Роџерс одлучил да ја постави галеријата покрај поранешен римски пат, на работ на еден рид, така што од него отстапува дури 27 метри, со цел што подобро да го искористи погледот на околниот пејзаж.

„Желбата беше галеријата да има „поглед“ кон лозјата Chateau La Coste, а во далечината и на планината Луберон“, додава Spence.

5_resize

6_resize

За да се постигне ова, галеријата морала буквално да продре низ крошните на околните дрвја. Со оглед на тоа што избраната локација е многу пошумена, и не постоел план за нарушување на дрвјата, проектот барал амбициозно структурно решение.

4_resize

Структурата и формата на галеријата, која всушност содржи една голема, правоаголна, бела просторија, насочени се кон создавање прозорец кој ја покрива целата фасада, кој е ориентиран кон падината.

Галеријата, на која и се пристапува преку краток мост, проектирана е да ја допира земјата на само четири точки. Две точки ги сочинуваат столбови анкерисани на работ на падот, додека другите две точки формираат две групи на затегнати шипки кои ја врзуваат гредата за тлото за да се формира конзолна плоча.

10_resize

Челичната конструкција, благодарение на која влијанието врз природата е минимизирано, ја произвела компанијата Bysteel,, како лесен систем на делови кој може да се донесе на локација дури и со трактор и рачно да се монтира.

Бидејќи целата конструкција е проектирана да биде видлива и препознатлива, бирото сакало да ја красат елегантни детали.

8_resize

Овој објектот е последна архитектонска интервенција во низа во рамки на лозјето Chateau La Coste, која ќе се приклучи на објектите проектирани од Тадао Андо, Жан Нувел, Ренцо Пијано и Френк Гери, исто така добитници на наградата Прицкер.

11_resize

Stephen Spence верува дека оваа галерија е соодветен финален проект за Роџерс.

„За Ричард секогаш беше важно да најде добар клиент, добар тим, а потоа преку дијалог, и добро поставување на проектот. Само со поставување на вистинските прашања ќе ги добиете вистинските одговори. Затоа, секоја зграда стана последица на дискусија и, што е најважно, онаа што потоа може да се објасни и одбрани, што честопати се бара, со силно убедување и одлучност “, заклучи Spence.

Ричард Роџерс минатата година се повлече од бирото, кое во 2007 година, по 43 години, беше преименувано во Rogers Stirk Harbor + Partners.

12_resize 13_resize 14_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top