Насловна / Вести / Возовите во земјава застанаа

Возовите во земјава застанаа

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт” требало да го добие најдоцна до вчера.

Утрово, до 7 часот, сообраќале само две железнички линии, кон Битола и кон Гевгелија, а од 7 часот сообраќајот е во целосен прекин, изјави Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Чакаровски вели дека прекинот на работата е во согласност со одлуката донесена во ноември минатата година која предвидува најдоцна до 25-ти во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и парите за материјалните трошоци.

воз_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top