Насловна / Вести / Вosselino – соба во соба

Вosselino – соба во соба

Можеби малку личи на оние телефонски говорници кои исчезнаа со појавата на мобилните телефони, но споредбата тука завршува. Овде не ви се потреби ниту ковани пари, ниту припејд картички за да уживате во ова повлекување сред канцеларија. Едноставно, можете да влезете секогаш кога работите околу вас ќе станат бурни – да завршите работа непречено, без да бидете вознемирувани. Вosselino е мини канцеларија: за работа, за телефонски и видео повици.

11_resize

3_resize

Вosselino е создаден од германскиот производител Bosse, чив оддел Human Space веќе нуди неколку системи „соба во соба“. Bosselino сега го надополнува асортиманот со јасен фокус на чувството на угодна атмосфера и уредна интеграција во современи, домашни ентериери на канцелариите, како што објаснува управниот директор на Bosse, André Heuer.

1_resize

Стаклената врата на мини-канцеларијата е врамена со масивно дрво. Надворешните sидови се направени од дрвени панели, а внатрешно се обложени со апсорбирачки материјал и покриени со текстил – „што обезбедува пријатно време на реверберација внатре, додека разговорите остануваат доверливи од оние надвор“, вели Heuer.

2_resize

Секоја кабина е со површина нешто помалку од еден квадратен метар и е опремена со маса за одлагање, ѕиден држач за поставување мобилни телефони или таблети за време на видео повици, електрични приклучоци, осветлување и вентилација.

10_resize

Покрај стандардната верзија – црна однадвор и сива однатре – понуден е и избор од осум бои за надворешните sидови и 20 бои на текстилот внатре. По барање, Bosse може да ја инсталира својата ION cloud technology. Во Вosselino негативните јони осигуруваат дека штетните честички во воздухот се деактивираат и неутрализираат. Ова ја зголемува можноста за концентрација. Научните студии ја потврдуваат неговата ефикасност врз голем број вируси и бактерии, вклучувајќи грип, корона и стафилокок ауреус.

4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top