Насловна / Вести / Во Санкт Петербург е најголемо лизгалиште во светот

Во Санкт Петербург е најголемо лизгалиште во светот

На брегот на Финскиот Залив во Санкт Петербург сместено е најголемо лизгалиште во светот со вештачка подлога. Се наоѓа на островот Крестовски.

Освен големина, лизгалиштето „Флагшток“ се одликува со својата необична органска форма и единствена локација. Вклопено е во кривулестиот брег на Финскиот Залив, а од мразот се нуди прекрасен поглед на водата и новите знаменитости на Санкт Петербург – стадионот „Газпром Арена“ и „Лахта центар“.

Размерите на лизгалиштето се толкави што содржи 48 загреани соблекувални, 28 илјади квадратни метри мраз, а на него можат да престојуваат повеќе од 2500 луѓе истовремено. Исто така, меѓу посебните карактеристики, покрај развиената инфраструктура и единствената локација, се издвојува и еден интересен момент – вкупната должина на цевките за снабдување со течноста за ладење, која го одржува високиот квалитет на мразот, достигнува 560 километри. Вештачката ледена површина овозможува лизгање дури и на температури над нулата (до 7°C).

Покрај огромната површина на лизгалиштето постојат и различни зони: терен за хокеј, зона за деца, алеја со лампиони, штандови со храна, топли куќички, загреани клупи, како и зони за правење фотографии.

Обиколката на целото лизгалиште со умерена брзина трае 13,5 минути. А ако застанете и ги користите сите услуги на лизгалиштето, тешко дека ќе можете да видите сè.

Испрати коментар

Scroll To Top