Насловна / Вести / Во прочуениот хангар за авиони сместени се новите Google канцеларии

Во прочуениот хангар за авиони сместени се новите Google канцеларии

Милијардерот Хауард Хјуз за потребите на конструирање на авионот Hercules IV, попознат како Spruce Goose, го изградил овој хангар уште во 1943. година. Сега во него е сместен технолошкиот гигант.

5
По проектот на бирото ZGF architects некогашноиот хангар за авиони во Лос Анџелес во четврта Playa Vista е преуреден во нов Google кампус и тоа на четири нивоа со вкупна површина од 41.800 квадратни метри. Канцелариите во дрвениот историски објект со должина 228 метра, осмислени се по концептот „зграда во зграда“, поради што ентериерот на овој деловен простор изгледа невообичаено, пишува ArchDaily.

1
Трансформацијата подразбирала сложена и обемна реконструкција на дрвената структура на постоечкиот објект. Новата архитектура е сместена во огромниот, отворен простор на хангарот од двете страни со потполно обновена централна зона во која негогаш биле сместени канцелариите на авио инженерите.

3
Различните форми на основите на секој кат се изведени на начин на кој е овозможено природната светлина да има што подобар проток.

Зграда во зграда
Канцелариите се сместени околу централниот простор во кој се сместени кафе-барови и простори за релаксација.
Коридорите се така организирани за да на суптилен начин ги поврзат испреплетените зони, така што целиот простор има отворен план.

2

Омаж на историјата на објектот
Материјализацијата на новиот Google простор подредена е на објектот. Бојата и материјалите се воведени во просторот на дрвената конструкција преку рачно правени парчиња мебел по мерка, но и преку живописни уметнички инсталации.
За да се оддаде почит на историјата на објектот, имињата на салите за состаноци и конференции инспирирани се од воздухопловство.

4

Испрати коментар

Scroll To Top