Насловна / Архитектура / Спортски комплекс на Дејвид Бекам ќе се гради во Мајами (видео)

Спортски комплекс на Дејвид Бекам ќе се гради во Мајами (видео)

Проектот Freedom Park и Soccer Village, раководен од прославената фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам, изгласан е од граѓаните на Мајами како прифатлив за нивниот град.

1
После нешто повеќе од пет години развоен план за спортскиот комплекс, кој вклучува стадион од 25.000 места, парк и јавни фудбалски објекти, проектот ја доби подршката на јавноста. Меѓутоа следат преговори со градските власти, кои треба официјално да ја одобрат изградбата на фудбалскиот дом на клубот Internacional de Futbol Miami, кој ќе го формира Дејвид Бекам.

5
Проектот за спортскиот комплекс го изработило бирото Arquitectonica и тоа на место на некогашен кантри клуб во близина на меѓународниот аеродром, пишува ArchDaily.
Покрај изградба на стадион проектот подразбира и формирање на парковска површина на дури 23 хектара, како и мноштво комерцијални објекти, но и хотели.

4
Според преставените рендери, паркот ќе се простира на источниот дел на локацијата, додека комерцијалните простори и ресторани се организирани во централната зона, во непосредна близина на стадионот.
„Го почнав овој сон пред пет и пол години за да год донесам тимот во овој прекрасен град“- изјави Бекам.

3
Планот е новиот клуб да се оформи на почетокот на 2020. година со што би станал нов главен клуб на Флорида, по укинувањето на клубот Miami Fusion во 2001. година.

2

План зацртан за 2021. година
Сопствениците на клубот на годишно ниво на градот би плаќале закупнина во износ од 4 до 5 милиони доалари, како и сите градски и државни даноци. Доколку преговорите во Мајами поминат успешно, отварањето на Park and Soccer Village предвидено е за 2021. година.
Дејвид Бекам е еден од најпознатите светски фудбалери. Се пензионираше во 2013. година кога играше за Пари Сен Жермен. Тој е исто така е бивши англиски репрезентативец, два пати беше номиниран за најдобар фудбалер на ФИФА, а за 2004. година беше најплатен фудбалер на светот.

Испрати коментар

Scroll To Top