Енергетската компанија EWE стартуваше со изградбата на електролизер со моќност од 320MW во германскиот пристанишен град Емден. Постројката е дел од поширок проект под името „Брег на чист водород“ (Clean Hydrogen Coastline), кој опфаќа производство, складирање и транспорт на водород. Првите количии на водород ќе бидат произведени до крајот на 2027 година. Станува збор за најголем проект од ваков вид во Европа.

Проектот подразбира и изградба на цевоводен коридор на северозападот на Германија. На овој начин EWE воспоставува врска со идната европска мрежа за транспорт на водород. Тоа овозможува поврзување на производните постројки, складишните системи и корисниците преку водородна централна мрежа и Европскиот водороден коридор (European Hydrogen Backbone). Но, истовремено од компанијата EWE истакнуваат дека се потребни сигурни и практични рамковни услови со цел водородот да одигра важна улога во заштитата нa климата и конкурентноста. Имено, развојот ќе успее само доколку регулативата се насочи во правец на јасна поддршка на потрошувачката на водород, додаваат од EWE.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија