Насловна / Вести / Во Франција започна најголемата операција на демонтажа на хидроцентрала во европската историја

Во Франција започна најголемата операција на демонтажа на хидроцентрала во европската историја

Отстранувањето на браната Везen висока 36 метри од реката Селeн во Франција, започната во мај 2019, претставува момент од историско значење за заштитата на европските реки. Градежните машини вклучени во овој најголем проект на отстранување на хидроцентрала во Европа, ќе го ослободат речниот тек се до островот и заливот Мон Сен Мишел, кои во 1979 година се вброени на листата на УНЕСКО. Така водата ќе биде вратена „во сопственост“ на јагулите, есетрите и другите жители. Од истата река во натредните две години планирано е да се отстрани и хидроцентралата  La Roche Qui Boit.

france1

france2

Крајниот резултат ќе биде отворање на 90 километри речен ток и подобрување на квалитетот на водата, а полза ќе увствуваат и луѓето и природата на бреговите на Селeн, и секако лососот на кој ќе му биде овозможено враќање во неговите некогашни природни мрестилишта.  Браните изградени уште во текот на двеаесеттите и триесеттите години на минатиот век, го попречиле патот на оваа миграторна врста на риба која во минатото пливала узводно за да се размножува.

france3

france4

Отстранувањето на двете хидроцентрали во Норманидија позитивно ќе се одрази не само на биодиверзитетот, туку и на туристичкиот и рекреативен потенцијал.

Едно ново истражување покажало дека само една третина од теченијата на најдолгите реки во светот се слободни и дека фрагментацијата и регулацијата на токовите влијае на речната поврзаност.

 

Испрати коментар

Scroll To Top