Насловна / Вести / Airbus најави нов авион за големи растојанија

Airbus најави нов авион за големи растојанија

Европскиот производител на авиони Airbus ќе започне да произведува нов авион за долги растојанија, со што во таа категорија би го победил својот најголем ривал Boeing. На Саемот за авијација во Париз, Airbus го претстави својот авион  A321 XLR, кој за купувачите ќе биде достапен од 2023 година, а ќе може да прелета 7.560 километри без потреба од запирање.

airbus3

airbus1

Шефот на продажба на компанијата  Christian Scherer не открива детали за тоа колку ќе чини воздухоплов од овој тип, но вели дека ќе биде значително поефтин од изградба на целосно нов авион, со оглед дека во случајов се работи за надградба на веќе постоечка верзија  A321.

И американски Boeing размислува за лансирање на нов авион, сличен на A321 XLR, со кој би требало да се премости јазот помеѓу моделот 737 и поголемите авиони од типот 777 и 787.

airbus2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top