Насловна / Вести / Влегува во сообраќај најголемиот електричен траект на светот

Влегува во сообраќај најголемиот електричен траект на светот

Додека секторот на поморскиот сообраќај се подготвува за новите, строги закони од 2020 година, еден целосно електричен траект веќе го заврши своето прво патување помеѓу два дански острови. Се работи за фериботот Ellen, најголемиот електричен траект на светот.  Првото патување е реализирано на југот од Данска, а погонот е обезбеден преку батерија од 4,3MWh. Elen има капацитет од 200 патници и 30 возила. Благодарение на „чистиот“ погонски систем, новиот траект ќе придонесе за намалување на штетната емисија за 2000 тони јаглерод диоксид, и 1,4 тони сулфурни оскиди, годишно. Има домет од 40km со едно полнење.

Од јануари 2020 година, ќе стапат на сила ограничувањата на содржината на сулфур на Меѓународната поморска организација, со кои лимитот се спушта на само 0,5% од сегашните 3,5%.

e-ferry1

e-ferry2

e-ferry3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top