Насловна / Вести / Климатска криза: Водата на Алјаска е толку топла што умираат лососи

Климатска криза: Водата на Алјаска е толку топла што умираат лососи

Топлотниот бран не ја заобиколи ниту Алјаска ова лето, а заради загревањето на водата, особено се изложени на ризик лососите, кои во голем број умираат од прегревање на водата.

Научниците забележаа дека тешката климатска криза доведе до смрт на неколку видови лосос од Алјаска.

Стефани Кин-Дејвидсон, директор на Меѓуплеменската комисија за риби на „Јукон“, изјави дека на крајот на јули водела група научници на експедиција во Алјаска, откако добила информации од локалните жители за смртта на рибите.

aljaska

За време на експедицијата, тие изброиле 850 примероци на мртва риба, но се проценува дека вистинскиот број е десет пати поголем. На мртвите риби тие барале знаци на повреди, паразити или инфекции, но не нашле ништо. Наместо тоа, скоро сите мртви лососи во себе имале икри.

Научниците заклучиле дека стресот од прегревање е најверојатно причина за помор на рибите. Кин-Дејвидсон вели дека работи како научник веќе осум години и досега никогаш не слушнала или видела вакво нешто.

“Не сум сигурна дека луѓето очекуваа дека ќе најдеме волку голем помор во овие реки“, вели Кин-Дејвидсон.

“Климатската криза – Рекордно топлото лето на Алјаска предизвика помор на лосос во реката Којокук. Околу ова има многу да се размисли“, напиша Ерик Соренсен, познат ТВ метеоролог, на својот профил на Твитер.

Научниците кои ја следат температурата на водата во Алјаска никогаш не забележале над 24 Целзиусови степени. Сепак, на 7 јули температурата на водата во најголемиот проток на лосос била 27,6 степени Целзиусови. Су Могер, директорка на Интелкипер, вели дека таа и нејзиниот тим објавиле студија во 2016 година, во која се објавени умерени и песимистички проекции за влијанието на климатските промени на влијанијата на водите во Алјаска.

“Оваа 2019 година ги надмина вредностите што ги очекувавме во најлошото сценарио до 2069 година“, рече Могер.

Според неа, температурата на водата влијае на лососот на различни начини, во зависност од протокот.

“Има психолошки последици затоа што лососот не добива доволно кислород во стомаците. Тие немаа доволно моќ да се мрестат, па умреа со црева полни со јајца“, објаснува активист од Алјаска.

Високите температури на воздухот и водата се друга опасност за лососот, чиј број е исто така намален како резултат на преголем риболов. Намалувањето на бројот на лосос, исто така, го намалува и бројот на орки, кои главно се хранат со овие риби.

Испрати коментар

Scroll To Top