Насловна / Архитектура / „Хенинг Ларсен“ лауреат на Европската награда за архитектура за 2019

„Хенинг Ларсен“ лауреат на Европската награда за архитектура за 2019

Данското архитектонско студио „Хенинг Ларсен“ е избрано за добитник на овогодишната „Европска награда за архитектура“, една од најпрестижните архитектонски награди. Наградата се доделува од 2010 година за архитекти чија работа ги обединува визијата, посветеноста и длабокиот респект за хуманизмот, социјалните аспекти и животната средина. Комитетот за доделување на наградата изразил особено признание на „Хенинг Ларсен“ во делот на одржливоста и уметноста, референцирајќи ги Eysturkommuna Town Hall од 2018 година, како и Malmö City Library од 1999 година. И по смртта на основачот на компанијата, архитектот Ларсен во 2013 година, студиото и натаму се етаблира во светот на архитектурата особено со својата посветеност на одржливиот развој. Наградата и формално ќе биде доделена во Атина на 13-ти септември 2019.

larsen1

larsen2

larsen3

larsen4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top