Насловна / Вести / Виртуелен музеј The Originals Renault

Виртуелен музеј The Originals Renault

Renault се враќа на корените со својот прв виртуелен музеј под името The Originals. Влезот е бесплатен, а на посетителите им е потребен само интернет. Тука е и новата online продавница The Originals Store во која посетителите можат да нарачаат промотивни материјали, од кои дел се веќе достапни во изложбениот простор L’Atelier Renault на авенијата Champs-Elysées во Париз. На двете интернет страници можно е да се пристапи од целиот свет, а достапни се на шест јазици (француски, англиски, германски, шпански, португалски и италијански). Во наредниот период ќе се додаваат и нови јазици.

renault2

renault3

Со претставувањето на новиот виртуелен музеј, Renault ги надмина просторно-временските ограничувања. Виртуелната колекција се состои од архивски материјали и едноставни технички податци презентирани на модерен и забавен начин. Поставката вклучува 21 легендарен модел на Renault, претставени на иновативен начин. Renault ја избрал оваа технологија со цел на посетителите да им пружи неспоредливо прецизен 3D приказ на своите култни модели. Со цел да го постигне тоа, овој автомобилски бренд изградил сопствено студио во кое своите модели ги скенира под точно определено осветлување. Возилата детално тродимензионално се скенираат, а деловите кои не е можно да се скенираат повторно се моделираат и се составуваат во постпроизводниот процес. Бројот на модели во виртуелната збирка ќе расте до крајот на декември. До крајот на јануари 2022, ќе бидат додадени 50 нови модели, а до крајот на следната година ќе бидат вкупно 80.

renault4

renault5

Новата online продавница воедно е прилика за Renault уште поодлучно да се посвети на зајакнување на емоционалната врска со своите купувачи и да ја збогати понудата за да привлече и поширока публика. Со каталогот кој во моментот содржи 400 производи (минијатури, облека, играчки, додатоци, украси и сл.), новата интернет страница е вистинско стратешко решение и отскочна даска за брендот. Виртуелниот музеј може да се разгледа ОВДЕ,  а продавницата ОВДЕ.

renault6

Испрати коментар

Scroll To Top