Насловна / Вести / „Вирџин“ направи прв хајперлуп тест со патници (видео)

„Вирџин“ направи прв хајперлуп тест со патници (видео)

Хајперлуп е транспортен систем во развој со кој ќе им се овозможи на луѓето да патуваат во цевкасто возило, налик на капсула што се движи низ вакуумска цевка со брзина од околу 965 километри на час, пишува Си-Ен-Ен.

1_resize

Системот кој го развива компанијата „Вирџин“ вклучува магнетна левитација, на сличен начин како што ја користат Јапонците и Германците при развојот на супербрза магнетна железница.

Дејството на силно магнетно поле го крева вагонот над шините, а потоа го „турка“ напред. Магнетната левитација се користи во некои железнички системи уште од седумдесетите години.

За време на тест возењето извршено во Лас Вегас, хајперлупот достигнал брзина од само 161 километра на час од предвидените 965.

Претставниците на компанијата „Вирџин“ сепак, истакнуваат дека нивната траса на полигонот е долга само 500 метри и дека тоа ја ограничува брзината со која капсулата може да се движи.

И покрај ова ограничување, компанијата го гледа последниот тест како огромен чекор кон комерцијализацијата на технологијата хиперлуп.

Screenshot 2020-11-16 130412_resize

Џош Гајгел, директорот на „Вирџин“ за нови технологии и Сара Луќијан, директорка на компанијата задолжена за кориснички искуства, биле на првото возење со хајперлуп на кое имало луѓе, наведува Си-Ен-Ен. Седеле во вагон-капсулата во која збира само двајца патници.

Транспортниот систем на иднината

Визијата што ја има „Вирџин“ кога станува збор за хајперлуп е големите градови да бидат поврзани, а вагон-капсулите да имаат капацитет од 25 до 30 места, што ќе овозможи превоз на десетици илјади луѓе на час.

2_resize

Системите хајперлуп можат да бидат лоцирани под или над земјата, но компанијата досега се фокусирала на надземната опција. Подземната верзија подразбира копање тунели, што е поскап и долготраен процес.

3_resize

Тестирањето и развојот на системот чини стотици милиони долари. Во „Вирџин“ се уверени дека системот ќе биде сертифициран до 2025 или 2026 година и дека ќе ги видиме првите проекти за хајперлуп пред крајот на деценијата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top