Насловна / Архитектура / Villa Tan Dinh во Виетнам лебди над мини градина

Villa Tan Dinh во Виетнам лебди над мини градина

Оваа е куќата е проектирана за сопственичка, жена која посакувала не само конфорен, туку и удобен простор за живеење сместен во централното подрачје на бурниот град Хо Ши Мин (некогаш Сајгон), Виетнам.

19_resize

Како резултат на барањата на сопственичката и концептот на виетнамското проектантско биро MIA Design Studio создаден е простор за живеење кој лебди над мини градина, давајќи и на сопственичката чувство дека оди по мостови. Сите примарни простори за живеење во куќата Villa Tan Dinh се поврзани во комбинација со растенија и вода, како и природна светлина.

1_resize

2_resize

Друга посебна карактеристика е локацијата која е во непосредна близина на историските градби на Хо Ши Мин, како што се црквата Tân Định и пазарот Tân Định. Исто така, куќата се наоѓа во средината на областа 3, која се смета за најзгусната област во градот. Во раните утрински часови или попладне, може јасно да се слушне ѕвоното од црквата, или само да се излезете од куќата и со неколку чекори, директно да се биде во контакт со амбиентот на „уличките“ на градот, што може да се сфати како специјалитет на урбаната култура.

7_resize

16_resize

Куќата Villa Tan Dinh со површина од  од 538 квадратни метри резултира со едноставна, квадратна бетонска кутија однадвор, со внатрешност која содржи многу слоеви на простории за живеење изградени од бетон и камен. Стаклените врати и прозорците од подот до плафонот ги замаглуваат границите помеѓу внатре и надвор, додека визуелно ги мешаат материјалите на објектот со густата вегетација на дворовите и градините.

6_resize

10_resize

Резултатот е релаксирачка, мирна атмосфера во која жителката може да ужива во прошетка во паркот и вкусот на околниот град токму во нејзиниот дом. Во обид да ги ублажат ладните бетони и челикот кои се наоѓаат на фасадата на Villa Tan Dinh, архитектите инсталирале на систем на челична мрежана кој ќе се рашират лијани, винова дрвена лоза со долго стебло, кои создадат свеж, зелен филтер за куќата.

11_resize

9_resize

12_resize

3_resize

14_resize

5_resize

18_resize

17_resize

15_resize

13_resize 22_resize 21_resize 20_resize 23_resize 24_resize

Испрати коментар

Scroll To Top