Насловна / Архитектура / Највисоката модуларна станбена зграда во светот

Највисоката модуларна станбена зграда во светот

Британското архитектонско студио HTA Design го претстави својот нов проект, за кој тврди дека е највисокиот модуларен станбен објект во светот. Објектот, наречен „Ten Degrees“, се наоѓа во близина на станицата Ист Кројдон и е еден од првите објекти планирани во новиот план за развој на овој дел од Лондон, каде што ќе формира 10 илјади нови домови на предвидените 21 локација.

London

Објектот „Ten Degrees“ e во форма на две кули, висок 135 метри и има 546 станови. Објектот вклучува скоро 1.500 модули надвор од локацијата, во соработка со Vision Modular Systems и Tide Construction. Благодарение на овој монтажен градежен систем, инвеститорите посочуваат дека успеале да ги намалат емисиите на јаглерод за 40 отсто во споредба со традиционалната градба.

“Фабрички направените згради се енергетски поефикасни од традиционалните згради, а прашањата како што се херметичка непропустливост, термички мостови и квалитетот на готовата конструкција може да се решат преку соработка со изведувачи на самиот почеток на проектот“, рече Симон Бејлис од HTA Design за Dezeen.

London1

Секој кат на оваа станбена зграда содржи седум станбени единици по кула, чии организации се движат од еднособен до трособен стан. Сите апартмани имаат концепт со отворен план, како и прозорци од подот до таванот и француски балкони.

Во подножјето на зградата, како и на самиот врв, архитектите на HTA Design имаат организирано заеднички простори, како што е салон на кровот, приватен простор за јадење, теретана, како и други социјални и забавни зони.

London2

Надворешноста на зградата, која се состои од две поврзани кули, се карактеризира со геометриски дизајн, кој всушност е инспириран од архитектурата на блокот изграден во средината на минатиот век. Во долната кула од 38 ката доминира нешто позаиграна поставеност на сјајни зелени теракотни плочки, додека повисоката кула од 44 ката има помирен изглед.

Ако тврдењето на архитектот е вистинито, зградата „Ten Degrees“ ќе ја претставува највисоката станбена модуларна кула во светот најдолго до 2026 година, бидејќи во Сингапур е планирана изградба на највисокиот монтажен облакодер во светот, дури 200 метри.

London3

London4

Испрати коментар

Scroll To Top