Насловна / Архитектура / Велосипедска патека како покрив на училиште (видео)

Велосипедска патека како покрив на училиште (видео)

NEXT Architects се познати по своите фасцинантни мостови како Lucky Knot, но тие се проектанти и на мостот што преоѓа во покрив на едно училиште. Мостот The Dafne Schippers минатата година беше отворен за јавноста. Се наоѓа во Утрехт, Холандија и се протега 110 метри низ каналот Amsterdam-Rhine.

2
Проектиран во соработка на NEXT arhitektima и Rudy Uytenhaak + Partners Architekten заедно со Arup и Bureau B + B, овој мост во Утрехт интегрерира патека за точаци и пешаци со училиште, парк и бујно зелено вештачко брдо. The Dafne Schippers е одигнат 9 метри над водата, помеѓу две асиметрични кули на двете страни на каналот.

9

На страната Leidsche Rijn кулата станува орјентир за градот, а онаа на бочната страна на училиштето е намелена за да одговара на висината на дрвјата. Покрај тоа и на велосипедистите и пешаците им се пружа панорамски поглед на каналот кога го користат мостот. Оваа кохерентна шема заштедува време на повеќе од 7000 велосипедисти.

1
Мостот поврзува и беспрекорно функционира со училиштето и јавниот парк за да формира интегриран и ефикасен дизајн. Од страната на училиштето, мостот создава единствен пролаз за учениците.

6

Позицијата на мостот на јужната страна на училиштето создава простор за рекреација на северната страна, кон паркот. Источната страна на училиштето е тесна, создавајќи приватен рекреативен простор и навидум природен влез. Потоа, се проширува со површината на водата, дополнувајќи го паркот и создавајќи затворено игралиште за учениците.

7
Градината на покривот на училиштето има три значајни улоги во дизајнот. Тоа е суштински елемент кој ги поврзува сите различни програми со кои се стекнува и го надополнува зелениот простор околу училиштето. Покрај тоа, тоа обезбедува училиште со многу повеќе простор. Градина на покривот, исто така, станува неопходен тампон простор помеѓу патеката и училиштето.

5
“Во едно движење велосипедската патека, паркот и училиштето се спојуваат за да формираат кохезивна целина на инфраструктурата , архитектурата и пејзажот “, вели Marijn Schenk од NEXT Architects.

3

11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top