Насловна / Вести / Вечера во ресторан – без облека

Вечера во ресторан – без облека

ROOM B

Како што пишуваат британските медиуми, во сабота во Лондон ќе се отвори нудистички ресторан каде ќе може да се јаде и без какви било атрибути од материјалниот свет. Сопственицте на ресторанот велат дека нив ги движи идејата „за целосна слобода и ослободување од се одвишно“.

Во ресторанот јадењето ќе се служи во рачно изработени глинени садови, заедно со прибор кој ќе може да се јаде. Подготовката на храната ќе биде по природен пат со помош на скара на дрво. Менито ќе биде вегетаријанско и не-вегетаријанско, со јадења зготвени на оган од дрво.

Tables (1)

Посетителите ќе имаат на располагање наметки, соблекувални и шкафови. Според веб страницата на ресторанот, корисниците се поканети да вечераат ослободени од сите обележја на современиот свет – „без хемикалии, без вештачки бои, нема струја, нема гас, нема телефон, па дури и без облека, доколку посетителите го сакаат тоа“. Осветлувањето ќе биде со свеќи.

Room C

Според зборовите на основачот на ресторанот Себ Лајела, идејата се состои во тоа луѓето да почувствуваат целосно олабавување. Посетителите на ресторанот ќе треба да ја соблечат својата облека, а потоа да облечат наметка, која би можеле да ја соблечат кога сакаат. Забранетите телефони, според Лајела, го зацврстува чувството на целосна разголеност. „Комбинацијата од едноставно јадење, отсуство на технологија и облека – сето тоа ги отстранува сите пречки за едноставен разговор“, вели тој.

PlanView (1)

Ресторанот има место за 42 лица, а веќе денес резервации имаат направено над 40 илјади заинтересирани луѓе.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top