Насловна / Вести / Реконструкција на уште еден парк во Општина Центар

Реконструкција на уште еден парк во Општина Центар

Општина Центар ја почна реконструкцијата на уште еден парк во Градски ѕид, на површина од 7.000 метри квадратни. Паркот е во строгото централно подрачје позади „Малага“ и „Просветно дело“.парк во центар

„Во рамките на проектот е сместен мултифункционален урбан елемент на дрвена подлога, направена во пачворк стил. Еден дел ќе биде за аудиторим и ќе има три маси за играње шах.  За најмладите се поставува ново современо детско игралиште, со безбедносна подлога од специјална гума.  Ќе биде поставена и нова урбана опрема, како и тревен бусен на 500 метри квадратни. Ќе бидат насадени 150 високо родни дрвја, 4.100 зимзелени и листопадни грмушки и зимски и летен расад. Зимзелените и листопадните грмушки даваат цветови во различен период од годината.  За да се одржува зеленилото постојано, за првпат тука ќе биде поставен автоматски систем за полевање“, соопшти општина Центар.парк во центар1

Испрати коментар

Scroll To Top