Насловна / Арт и дизајн / Када како лежалка

Када како лежалка

Познатото дизајнерско студио SpliterWorks пред неколку години се појави со интересен проект на преубав дизајн на висечка када, кој предизвика силно внимание кај љубителите на необични и врвни дизајнерски решенија.када како лежалка (5)

Следејќи го својот неверојатен успех, истото дизајнерско студио проектира најнова самостојна верзија на када со впечатлив дизајн кој капењето го претвора во врвно задоволство, а исто така реализира и мијалник од истиот дизајн, направен од карбонски влакна.када како лежалка (6)

Новата када потсетува на оние висечки лежалки кои се врзуваат меѓу две дрва на некој излет, а како навистина невероватна и самостојна када, таа е дизајнирана за да обезбеди врвно искуство на одмор, без разлика каде нејзините сопственици би одлучиле да ја постават.када како лежалка (3)

Целосно е направена од карбонски влакна, што значи дека е издржлива, мазна и супер лесна во исто време.

Кадата тежи само 13,5 килограми, што значи дека може лесно да се поместува низ целиот ентериер, а подовите не треба да биде засилени за да ја издржат тежината.када како лежалка (2)

Дел од тоа е фасцинантна колекција е и мијалникот, кој е всушност некој вид на минијатурна верзија на када. Тој, исто така, е направен од популарниот лесен материјал, кој со бојата и ексклузивноста дава луксуз на секој простор.када како лежалка (4) када како лежалка (1)

Испрати коментар

Scroll To Top