Насловна / Вести / Утре 72 години од постоење на Градежниот факултет во Скопје

Утре 72 години од постоење на Градежниот факултет во Скопје

Градежниот факултет во Скопје, како една од најстарите единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, оваа година го одбележува своето 72-годишно постоење.

По тој повод на 6. октомври (среда) со почеток во 11 часот со користење на видео- конференциска платформа ќе се одржи пригодна свеченост.

gr1

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

– обраќање на деканот на Градежниот факултет

– обраќање на министерот за транспорт и врски

– обраќање на ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Никола Јанкуловски

– одбележување на 90-годишнината од раѓањето на проф. д-р Александар Ангелов

– промоција на изданија на Градежниот факултет

– хидрометрија, од авторот проф. д-р Виолета Ѓешовска

– промоција на дел од меѓународните студентски проекти

– Design & construct, Bogazici University – Istanbul

– Icames, Bogazici University – Istanbul

– доделување на награди и стипендии на најдобрите студенти

gf1

Испрати коментар

Scroll To Top