Насловна / Вести / Усвоен Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје

Усвоен Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје

Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – национален парк е усвоен на 50-та седница на Владата на Република Северна Македонија.

Sar Planina

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека долгиот процес на консултации и остварени над 20 дополнителни консултативи состаноци и средби со засегнатите страни, експертскиот тим, со дополнителен ангажман на експерти од Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN), кои ќе работат на Планот за управување на идното заштитено подрачје Шар Планина, ангажирани од Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за преиспитаување и вградување на забелешките на јавноста во однос на предложената заштита на Шар Планина, резултираше со ревизија на Студијата за валоризација врз основа на што МЖСПП го изработи новиот Предлог на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

Sar Planina1

Испрати коментар

Scroll To Top