Насловна / Вести / До 2024 година, JYSK ќе премине на рециклиран или одржливо произведен памук

До 2024 година, JYSK ќе премине на рециклиран или одржливо произведен памук

Компанијата JYSK најавила дека до крајот на 2024 година, целиот памук кој се користи за производство на текстилни производи ќе биде рециклиран или произведен на одржлив начин, со оглед дека традиционалното одгледување на памук бара големи количини на вода и пестициди, што е лошо за животната средина. Долга низа години JYSK се обидува да го намали негативното влијание врз животната средина, а една од областите за која највеќе се грижат се суровините кои ги користат. За памучни производи компанијата ги смета сите производи во кои памукот сочинува најмалку 80% од масата. Во 2009 година, основана е Иницијативата за подобар памук (Bеtter Cotton Initiative – BCI), која е најголема светска иницијатива за поодржлив памук. Иницијативата има 2100 членови меѓу кои и JYSK. BCI ги поддржува земјоделците кои одгледуваат памук во постигнување на поодржливо производство со повисок принос. Во сезоната 2018-2019 година, иницијативата обучила 2,3 милиони производители како да користат помалку вода и помалку пестициди. Тие произвеле 5,6 милиони тони одржлив памук, што е 22% од вкупното светско производство на памук.  Памукот во производите на компанијата JYSK, помеѓу останатото потекнува од Пакистан, каде во сезоната 2018-1019 била спроведена споменатата обука. Потоа, земјоделците трошеле 15% помалку вода и имале 11% повисоки приноси. Целта на иницијативата е да го промени производството на памук на глобално ниво, така што долгорочно целиот памук би се произведувал на одржлив начин. „Во JYSK се обврзавме до крајот на 2024 година да набавуваме 100% одржлив памук за сите текстилни производи. Под одржлив, подразбираме дека памукот мора да биде органски, рециклиран или произведен по пат на програмата на организацијата BCI,“ вели Rune Jungberg Pedersen, директор за комуникации и општествено одговорно работење во JYSK.

cotton3

cotton1

cotton2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top