Насловна / Архитектура / Успешен експеримент на Западот и Истокот

Успешен експеримент на Западот и Истокот

Panorama 1

Во последните дваесетина години, Кина покажува зголемен интерес за искористување на вештините на архитектите од Западот. Со увозот на идеи и технологии, кинеските компании инсистираат објектите да бидат изградени од нив, со што често пати архитектите од Западот наидувале на проблеми со целосното реализирање на нивните проекти и идеи.

Fasada 1

Проектот за туристичкиот центар Тсингтао, изграден во областа Кингдао, бил експеримент за тоа како западните архитекти ќе можат да ги надминат овие предизвици и нивните проекти, кои се со софистициран дизајн и градежен материјал подзаборавен од локалните градители, да бидат изведени во целост до последниот детаљ.

Detal 2 Detal 1

Клучот за надминување на овие предизвици е во методата за комуникација и изведба. Компанијата Fast+Epp ги здружила силите со градежната компанија специјализирана за дрвени конструкции StructureCraft, во соработка со кинеските клиенти, и изготвиле методологија за парцијално градење на објектот, со тоа што комплексните компоненти ќе се изработат во Канада, додека составувањето на елементите на градилиштето ќе се извршува од странска работна сила во соработка со локалните работници. Овие планови се изработени со врвни техники кои се нови во целиот свет, но сепак доволно сигурни за да обезбедат успех.Fasada 3

Инспирирани од идејата за креирање на свиени кровни плочи од масивно дрво, проектантскиот тим разви 39 ламелирани кровни панели од дрво, кои можат да се фабрикуваат на градежната локација со обични дрвени продукти. Инженерскиот тим создаде комплексна идеја која може да биде едноставно конструирана – извитоперен дрвен панел кој се состои од прави канадски дрвени продукти и обични фурнирани плочи. Истовремено, во Канада биле изработени 93 дрвени столбови со различни должини заедно со специјални метални врски и челични кабли кои биле испорачани во Кина. Секоја кровна панел плоча е димензионирана и израборена така што може лесно да се подигне и постави на кровот. Овие детални подготовки и планирања ја обезбедија успешноста на изработката и задржување на временскиот рок од осум месеци за изградба на целиот објект.

Fasada 2

Кровната конструкција на некои места има распони од 40 метри, кои биле премостувани со помош на дрвените столбови. За проектирање на комплексниот кров, инженерите изработувале најразлични прелиминарни шеми за поставување на столбовите. Покрај тоа, сите столбови се искосени со одреден агол со цел да се избалансираат силите од сите страни. За да се проектира кровот со слободна форма, инженерите користеле напреден компјутерски софтвер за моделирање на закривените панели, начинот на кој се поврзуваат една со друга и системот на кабли кои треба дополнително да обезбедат сигурност на целата конструкција.Gradba

За проектот Тсангтао е употребено дрвото како главен конструктивен материјал, материјал кој е обновлив и еколошки. Покрај носечката конструкција, дрвото може да се забележи и за многу други намени. Зелениот кров е насаден со зелена трева која е автохтона за тие простори. Обемното застаклување од сите страни на објектот дозволува навлегување на многу дневна светлина и топлина со што ја зголемува енергетската ефикасност во целост.Panorama 2

Во првичните преговори за изградба на туристичкиот центар, дрвото било отстрането како материјал за градба заради сомнежите во конструктивниот капацитет на дрвото како и трошоците за изградба на таков објект. Но подоцна, инженерската куќа Fast+Epp заедно со изведувачите StructureCraft и архитектите елаборирале на предностите за користење на дрвени конструкции во однос на цена и време на изградба, како и на сигурноста и енергетската ефикасност на објектот.

Овој објект промовира градење со дрво во област која одамна го заборавила поимот за одржливо градителство. Дел од интенциите за изградба на овој објект е презентирање пред кинеските градители и архитекти на големиот потенцијал на дрвото како градежен материјал, не само за едноставни семејни куќи туку и за покомплексни објекти.

Enterier

Покрај промовирање на одржливото градителство и потенцијалот на дрвото, со изградба на објектот се остваруваат и други бенефити како социјални и економски. Еден од клучните социјални бенефити е пренесување на искуствата на канадските инженери и архитекти на локалните експерти, посебно со нагласување на областа на заштита при работа. Компанијата StrustureCraft оствари повеќедневни обуки за локалните работници за практики за заштита при работа. Овие обуки наидоа на отвореност од страна на кинеската работна сила и резултирање во беспрекорна изградба на објектот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top