Насловна / Вести / Уште една катна гаража и нов плоштад во Скопје

Уште една катна гаража и нов плоштад во Скопје

„Кресненско востание“ е новата подземна катна гаража со нови 440 паркинг-места во центарот на Скопје, а „Мајка Тереза“ е новата плоштадска површина со 13 илјади квадратни метри. кресненско востание

Просторот што се наоѓа близу новите градби на кејот на Вардар на потегот од Министерството за надворешни работи до Камениот мост сега е партерно уреден. Новата подземна катна гаража е под плоштадот, во близина на Македонската опера и балет и се простира на површина од 20.000 квадратни метри. Објектот беше отворен во саботата, а свечено го предаде во употреба премиерот на РМ Никола Груевски. Катната гаража е инвестиција вредна околу девет милиони евра и ќе го реши проблемот со паркирањето на овој дел од градот.

И катната гаража и плоштадот се објекти кои се изградени во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата, градот Скопје и Министерството за транспорт и врски.

Испрати коментар

Scroll To Top