Насловна / Архитектура / Уште во далечната, а напредната 1971 година е направен проект за висококатница кај Холидеј Ин

Уште во далечната, а напредната 1971 година е направен проект за висококатница кај Холидеј Ин

Овие денови актуелни се случувањата околу парцелата спроти хотелот Холидеј Ин во Скопје која е дел од ДУП Ц08 Голем Ринг јужен дел – исток. ДУП-от е изработен како изменување и дополнување во декември 2012. година од „Билд“ ДООЕЛ Скопје. Во исто време е изработен и соседниот ДУП, „најголемиот дострел“ во нашето урбанистичко планирање, центарот на државата – ДУП Ц01 Мал Ринг, секако и тој со измена и дополна (којзне која по ред), изработен од ИНПУМА Скопје. Некој месец порано изработени се и останатите соседни ДУП-ови Ц04 и Ц07 се разбира од истата планерска куќа.
ДУП Ц08, кој деновиве е главна тема очигледно е работен по нарачка за нечии лични интереси, што не изненадува бидејќи за жал урбанистичкото планирање кај нас е сведено исклучиво на борба за квадрати и профити. Во најголем дел на парцелата предвидени се објекти со висна 180 метра, што значи П+60+Пк, (поткровјево на висина од 180 метри, како скопски феномен и лајт мотив, останува нејасно дали е предвидено поради комуналиите кои изнесуваат 20 посто или планерската навика).

5

Планирана е и подземна трамвајска траса (педвидена со ГУП), два надземни пешачки преминини (не се знае на која виснска кота), едниот е поврзан со ГТЦ, а другиот со постоечката катна гаража, видено во палнот на Кензо Танге, ама не доразбрано. Пешачки мост преку реката Вардар кој треба де се поврзе со плоштадот Пресвета Богородица и да има пратечки содржини, можеби тука влегуваат скулптури или монтажни „барокни“ киосци. И се разбира предвидено е паркирање. Овој пат е точно и прецизно дефнирано, 7500 потребен број паркинг места, за разлика од останатите ДУП-ови каде се вели дека дозволената бруто површина ќе се реализира доколку се обезбедат потребен број паркинг места, бидејќи планерот не е сигурен дали е тоа возможно или знае дека е невозможно. Е сега во овој случај, предвидените 7500 возила треба да пристапат до локацијата преку улицата „Мирче Ацев“ и „Кеј 13 ноември“. Малку ми е нејасно, но веројатно вторава улица понира и треба да се спои со предвидената подземна сообраќајница, која не може да се спроведе на планираниот начин, па и овде до подземниот паркинг ќе се пристапува како до оној на зградата на Т-мобиле, по кејот на Вардар, само во овој случај од спротиваната страна. ДУП-от Ц08 предвидува и површини за градење со висини и од 80 метра, П+20+Пк и 22 метра, П+4, замислете овде нема поткровје. Некоја разиграна, градска силуета изгледа имале во предвид. И како круна на локацијата во средина фонтана со спомен обележја (внимавајте не едно, повеќе), чија површина за градење изнесува 1017 квадратни метри, што асоцира на грандиозно.

6
Поменатиот ДУП Ц08 предвидува само површини за градење, простор определен со градежни линии. Тоа значи дека инвеститорот е должен да направи Архитектонско-урбанистички проект (АУП). АУП се изработува кога на една градежна парцела во урбанистичкиот план е утврден простор определен со градежни линии во кој е дозволено поставување на површини за градење на повеќе градби согласно со процентот на изграденост на земјиштето пропишан со стандардите и нормативите за урбанистичко планирање.
Овој ДУП спаѓа во оние 31 на кои Општина Центар прогласни мораториум. Кои недостатоци и недоследности ги покажал овој ДУП по евалуацијата не е познато. Се надевам дека општината ќе образложи. Оштината вели дека ДУП-от е со статус, процес на изработка, а на сајтот се вели дека е во фаза чекор 5, со дообјаснување, изработка на планска програма за ДУП, што значи се дефинира програмата.
Истата планерска куќа ќе го изработува планот кој беше ставен под мораториум, што значи имал недостатоци, така покажала евалуацијата. Не е познато дали се работи планот за истите пари или општината ќе мора повторно да го плаќа. На пример проект вратен по ревизија се преработува за истите пари.
Општината вели дека нема да има објекти високи 60 ката, но неверојатно е како не е познато што ќе има бидејќи нели се изработува планската програма во која тоа мора да се дефинира за да се направи ДУП-от, а нарачател е општината. Исто така е познато дека Кензо Танге предвидел тука, како што се изјавува висококатници. Но Кензо Танге предвидел не висококатници, туку една кула 30 ката. И предвидел во еден сосема друг контекст, сосема друго поврзување, транзиција на градот од кој план денес нема ни трага.
Во меѓувреме земјиштето спроти Холидеј Ин е продадено. Бидејќи песимиста е оптимиста со искуство, малку е неверојатно дека некој купува толкава локација без да знае што е дозволено да се изгради. Општината повторува дека нема да има 60 катници, но не кажува што ќе има, бидејќи е невозможно да не знае, па нели планската програма е во процес на изработака. Одобрение за градење во моментов никој не побарал. Но јасно е дека не ни може да побара бидејќи уште не се знае што тамо ќе се гради, не знае ни инвеститорот изгледа.
А можеби инвеститорто е некој добар човек од сказните кој ќе создаде еден современ простор во центарот на градот каде главната цел ќе биде јавниот интерес, еден простор на сите кој во овој руиниран и потклекнат град, без елементарна култура на градско живеење, ќе успее да го растерети бар дел од центарот и конечно граѓаните ке добијат простор кој припаѓа на сите и кој дополнително нема да го закрчи протокот од едната на другата страна од центарот на градот.

2
Уште во далечната, а напредната 1971 година, проектантското биро на големата „Пелагонија“ изработоло одличен идеен проек за 30-катницата кај тогаш хотелот Гранд. Автори се големите архитекти Вера Ќосева, Љубинка Маленкова, Александар Серафимовски и соработник, тогаш младиот архитект Мартин Гулевски (сите до еден добитници на наградата за животно дело „Андреј Дамјанов“), а инвеститор, прочуениот „Интеримпекс“.

1

3

4

Еден коментар

  1. скопјанец

    Иако зградава изгледа интересно, мило ми што никогаш не била изградена. Којзнае како ќе изгледаше денес.

Испрати коментар

Scroll To Top