Насловна / Вести / Маргарет Тачер на банкнота од 50 фунти? Но, не како политичар туку како научник

Маргарет Тачер на банкнота од 50 фунти? Но, не како политичар туку како научник

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, вклучена е на листата на кандидати чиј портрет би можел да се најде на новата банкнота од 50 фунти. Тоа и не би било воопшто чудно, доколку не се работи за категорија во која се бара личност со посебен придонес во науката. Имено, славната политичарка не е вклучена во оваа листа поради историскиот белег во светската политика, туку поради фактот што на Оксфорд дипломирала хемија, и на почетокот од својата кариера работела за една прехрамбена компанија на развој на емулгатори за сладолед. Кампањата “Да ја ставиме Меги на новите 50 £“ е покрената пред објавата на Банката на Англија за номинирање на научници кои би можеле да се најдат на банкнотата.

maggie1

maggie3

Сепак, технички Тачер одговара на условите, односно навистина е поврзана со британската наука. Јаноста, не е воодушевена од предлогот, па многумина коментираат дека за среќа на листата се наоѓаат и Александар Флеминг, пронаоѓачот на пеницилинот, Розалинд Френклин, која допринела во откривањето на ДНК, како и славниот физичар Стивен Хокинг.

Првата жена премиер во Британија, и премиер со најдолг стаж во Обединетото Кралство (11 години), го доби прекарот „челична лејди“ поради својата доследност во спроведувањето на политиките и реформите без оглед на последиците по рејтингот и популарноста. И покрај огромната моќ која ја имала не само во својата земја туку и на меѓународната политичка сцена, никогаш не сакала  нејзините соработници да ја ословуваат со премиере или претседателе. Тие секогаш и се обраќале едноставно со Маргарет.
Britain's Governor of the Bank of England, Mark Carney, speaks during a news conference to launch the character selection process for the new £50 note at the Science Museum in London

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top