Насловна / Архитектура / Уникатна и модерна: Планинската куќа Messner

Уникатна и модерна: Планинската куќа Messner

Во подножјето на планината Schlern, која се наоѓа на северот на Италија, изградена е планинската куќа Messner која е совршен спој на традиционалната и модерната архитектура. Во куќата е креран магичен амбиент инспириран од сеќавањата на детството на главниот архитект Стефан Pиер. Изградбата започнала на темелите на една напуштена куќа, а резултатот е модерна куќа која го евоцира духот на традицијата. Дрвената конструкција со столбови високи 12 метри, остава прв впечаток на традиционален амбар. Внатрешноста е уредена уникатно и модерно. Наместо класична поделба со преградни ѕидови, направена е сегментација со висечки коцки со различна височина. Во изградбата се користени дрво и камен, додека скалите се изработени од челик со фини детали.

Messner1

messner2

Messner3

Messner5

Messner6

Испрати коментар

Scroll To Top