Насловна / Архитектура / Училиште во Словенија каде дворовите се составен дел од училниците

Училиште во Словенија каде дворовите се составен дел од училниците

Недалеку од словенечко-италијанската граница, во местото Шкофије крај Копер, оваа година заврши изградбата на новата зграда на локалното основно училиште, именувана по народниот херој на Југославија, Оскар Ковачич.

1

Овој современ, прилагоден на корисниците и енергетски економичен објект зафаќа површина од 6.000 квадратни метри, а на неколку ката сместени се 18 училници кои можат да примат повеќе од 500 ученици.

2

Од технолошки аспект, проектот на новата училишна зграда бил вистински предизвик за архитектите од љубљанското биро Studio.a+v.

6

Зградата е поделена на девет ламели, кои се терасасто распоредени на теренот и го следат концептот на атриумски објект, кој овозможува излез од повеќето училници и канцеларии кон надворешниот простор.

4

Централниот амфитеатар со трпезарија, сместен е во средишниот дел на зградата, а на влезот е проектирана библиотеката која ќе ја користат и другите жители.

Покрај објектот уредени се и нови игралишта, а крововите на зградата се зазелененети. Во сите греани простории има подно греење и централна вентилација со рекуперација.

9

„Дизајнот на училиштето им зборува на учениците за неговата дуалност: за училиштето како образовна институција во која поединецот следи заеднички обрасци на однесување и воспитување, што се огледува во обликувањето на формалното уредување на училниците, и за училиштето како општествен простор кој со својата волја, креативност, способности и имагинација го поддржува поединецот како субјект, што во дизајнот  се огледува преку разновиден систем на заеднички простори во однос на висината и основата, со директно поврзување со околината“ – објаснуваат архитектите.

11 10

Специфичностите на локацијата на новата зграда на ОУ „Оскар Ковачич“ налагаат да се земе предвид важноста на надворешните површини на училиштето – во проектирањето на објектот надворешниот простор се третира како рамноправен на внатрешниот простор.

13

Со вака просторно поставување на училиштето и неговиот влез, постоечкото надворешно уредување на споменикот се надградува на пешачка патека низ спомен паркот.

15

Вака создадената комуникациска патека протекува низ училиштето и се завршува со излез на постоечкиот спортски терен.

Биста на Окар Ковачич, дело на вајарот Јоже Похлен, се наоѓа долж осовината низ спомен – паркот, на бетонски постамент пред влезот во училиштето.

5

„Денешните заеднички простори во училиштата се резултат на напредокот во образованието. Прифаќајќи ја идејата дека учењето вклучува повеќе од факти и бројки, наставниците бараат начини да ги внесат практиките од 21. век во секој аспект од нивните училишта – вклучително и неискористени или недоволно искористени физички простори“, велат од љубљанското биро, додавајќи: „Идејата е целите училишта да се направат простор за учење – да се поттикне соработка, критичко размислување и решавање проблеми каде и да се соберат учениците. Како што образовните концепти како што се флексибилното учење и учењето базирано на проекти се формираат во училиштата, просветните работници ја воочуваат користа од различните простори во кои може да се одвива учењето“.

8 7 12 14

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top