Насловна / Вести / Трендовски амбиент со функционална намена

Трендовски амбиент со функционална намена

Претставениот простор е деловен објект на компанијата Кооп од Куманово. Сопствениците на Кооп соработуваа со БИРО ПРОЕКТ за да добијат трендовски амбиент и функционален простор кој ќе одговара на потребите на компанијата. Изведувач на проектот на БИРО ПРОЕКТ е Амбиенти и Дизајн.

11

Најпрво е изработен прект за пренамена на постоечкиот стан во деловен простор. Оваа адаптација овозможи да се добијат простории како влезен ходник, директорска канцеларија, асистент, канцеларија за инженери и канцеларија за сметководство. Содржини неопходни за непречено функционирање на компанијата, а воедно создавање уреден простор, современ и пријатен за престој на вработените.

25

Затекнатиот простор со површина од околу 100 квадратни метри во кој беше неопходно да се имплементираат барањата на инвеститорот дозволува исклучиво формирање на помали кацеларии. Со цел да се добие поволем визуелен ефект на пространост, предвидени се стаклени прегради кои доловуваат транспарентност на целиот простор, а со тоа и покомотно чувство при работењето. Но со поставување на хоризонтални ленти на стаклото се смирува транспарентноста и се овозможува и непоходната интима при извршување на работните задачи.

1

Материјали кои се користени во ентериерот се иверка со дезен на орев, иверка со графитна боја во комбинација со црна браварија. Исто така применета беше и бела иверка со жолти сегменти.

12

Подот е со порцелански плочки со мермерен дезен, додека ѕидовите се изработени од плочи од гипскартон во комбинација со стаклени портали. На одредени ѕидови, обработката е во бетон, а на останатите има тапети и декоративни принтови согласно дејноста на компанијата.

3

И покрај разноликоста на материјалите и боите, доминира дезен на орев, кој дава една елеганција, одмереност и строгост на просторот, кој одишува со професионална атмосфера. Обработката на ѕидовите со бетон ја надополнува современоста на изразот, а сепак примената на поживи бои на одредени делови и принтовите на ѕидовите го опуштаат просторот, токму онолку колку е неопходно и даваат дополнителен шарм на местото.

Покрај основното осветлување над бироата, предвидени се плафонски вградени рефлектори за подобрување на амбиенталниот ефект.

Во целиот ентериер вметнат е и зелен вертикален ѕид за разигрување и освежување на просторот.

28

22

Model

Тим на БИРО ПРОЕКТ 

Фото: Владимир Секуловски

Испрати коментар

Scroll To Top