Насловна / Архитектура / Трансформација на стар јапонски тунел во галерија

Трансформација на стар јапонски тунел во галерија

Архитектонското биро MAD од Кина направило пет инсталации во тунелот Kyotsu Gorge во јапонскиот град Нигата. Кинеските архитекти добиле задача да го трансформираат овој стар тунел за потребите на Триеналето Echigo-Tsumari кое трае до средината на септември оваа година. За времетраење на манифестацијата ќе се изградат бројни стални и привремени објекти во преку 200 рурални населби во цела Јапонија.
Според идејата на MAD, јапонскиот тунел сега е побогат за несекојдневни елементи. Тоа се собата со огледала, плитко вештачко езерце, исто така опкружено со огледала, плиток базен во древна купола, јавен тоалет во форма на рефлективна капсула, а секаде низ тунелот раштркани се разни светлечки инсталации.

2

Инсталација 1: Соба на огледала

Како што наведува Dezeen сите инсталации се инспирирани од природни елементи кои секојдневно ги користиме во градежништвото, тоа се вода, дрво, земја, метар и огин.

3

Инсталација 2: Медитација во дрвена купола

Тунелот Kyotsu Gorge е долг 750 метри, иако не е одржуван, претставува популарна атракција во Јапонија, бидејќи во неговото опкружување се пружаат фантастични погледи на околниот планински пејсаж.

4

Инсталација 3: Јавен тоалет сокриен во капсула

Триеналето во Јапонија привлекло бројни имиња на светската архитектонска сцена. Покрај бирото MAD, помеќу другите свои трудови изложуваат и Dominique Perrault, Antony Gormley, Leandro Erlich и Carsten Höller.

5

Инсталација 4: Игра на светлината

6

Инсталација 5: Езерце

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top