Насловна / Вести / Трамп ги повлекува САД и од Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија

Трамп ги повлекува САД и од Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија

Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (IRENA) е една од 66-те меѓународни организации од кои неодамна Трамп наложи повлекување на САД. Листата која е главно насочена на организации кои се бават со климатски, работнички и миграциони политики, ја вклучува и Меѓународната соларнa алијанса, како и Меѓувладиното тело за климатски промени.

Во соопштението кое го објави американскиот Department of State, се истакнува дека администрацијата на Трамп ги проценила овие институции како „вишок во својот делокруг, лошо водени, расипнички, слабо организирани, заробени од интересите на актерите кои ги промовираат сопствените агенди спротивни нa нашите, или како закана за суверенитетот на нашата земја, слободите и општиот просперитет“.

Меморандумот за разбирање кој го потпишал Трамп, додава дека за сите субјекти поврзани со Обединетите Нации, како што е IRENA, повлекувањето значи прекинување на учеството или финансирањето во онаа мера која е дозволена со закон.

Генералниот директор на IRENA, Франческо Ла Камера, објавил изјава во која истакнал дека жали поради одлуката на САД за повлекување на членството, додавајќи дека вратата е секогаш отворена за продолжување на соработката. „Го препознаваме вредниот придонес кој САД го имаа за работата на IRENA во изминатите години, и се надеваме на обновување на ангажманот во иднинна“, рекол Ла Камера. Тој нагласил дека обновливите извори на енергија не се само решение за климата, туку и одлучувачки фактор за конкурентност на економиите, како и клучен елемент во денешното несигурно опкружување за обезбедување на енергетската сигурност и зајакнување на геополитичките позиции.

Во декември минатата година, Министерството за енергетика на САД, ја преименуваше Националната лабораторија за обновливи извори во Национална лабораторија на Карпестите планини (Rocky Mountains), што јасно ги покажува приоритетите на Трамповата администрација.

Испрати коментар

Scroll To Top