Насловна / Вести / Траги од древна дождовна шума пронајдени на Антарктикот

Траги од древна дождовна шума пронајдени на Антарктикот

Научниците открија траги од четинари и папрати на длабочина до 30 метри под морското дно во близина на западен Антарктик – што се остатоци од 90 милиони години стара дождовна шума.
Прашумите во умерените подрачја пораснати се во времето на диносаурусите, објави германскиот институт Алфред-Вегенер (AWI).

Antarktik1
Според резултатите од истражувањето, објавено во списанието „Nature“, просечната годишна температура во Јужниот пол во тоа време била околу 12 Целзиусови степени.
“Ова потврдува дека немало мраз на Антарктикот. Знаевме дека периодот на Креда е еден од најжешките, но досега немавме докази од областа близу Јужниот пол “, вели Клагес.
За време на експедицијата во 2017 година, геолозите ископале примероци од талог во крајбрежната област на западен Антарктик. Компјутерската томографија покажала густ коренски состав.
Научниците успеале да ги идентификуваат клеточните структури на дрво, полен и пори на васкуларните растенија и траги од цветни видови.
Во текот на експедицијата во Амундсеновото Море во 2017 година, истражувачите продреле длабоко во земјата под морското дно на западниот Арктик на само околу 900 километри од Јужниот пол.

Antarktik

Она што го извлекле, посебно на длабочина од околу 30 метри, многу се разликува од составот на седиментите кои биле поблиску до површината.

“Првите анализи покажаа дека на длабочина од 27 до 30 метри под океанското дно пронајдовме слој кој првобитно е формиран на копното, а не во океанот“, вели геологот Јохан Клагес.
Дотогаш никој не земал примерок од периодот на креда од земјата од толку јужна точка на светот.

И покрај тоа, истражувачите не го очекувале тоа што подеталното испитување со рендгенската компјутерски томограф го откриле.

Скенирањата опишале сложена мрежа на фосилизирани корени на билки. Со микроскопската анализа пронајдени се и докази за полен и прости видови животни, а сето тоа упатува на остатоци од древна прашума која постоела на Антарктикот пред околу 90 милиони години, велат палеолозите.

Според проценката на тимот, благодарение на пукањето на континенталните плочи, местото на бушењето можело да биде неколку стотици километри поблиску до Јужниот пол, кога диносаурусите уште постоеле. Тогаш Јужниот пол би можел да биде во постојана темнина во текот на четирите месеци на зимата во Антарктик.

Според симулациите, нивото на атмосферскиот јаглероден диоксид било значително повисоко од што мислеле научниците.

Во тоа суперзагреано окружување (со годишна просечна температура на воздухот од околу 12 степени на Антарктикот), густа вегетација го покрила целиот Антарктик.

Новите сознанија им пружаат на истражувачите многу поголемо разбирање на длабоката врска меѓу концентрациите на јаглерод диоксид и поларната клима во праисториските времиња кога диносаурусите уште оделе по земјата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top