Насловна / Арт и дизајн / Тивкиот фотограф кој го документирал Париз – Ежен Атже

Тивкиот фотограф кој го документирал Париз – Ежен Атже

Париз од 19. век денес го доживуваме преку фотографии. Неговата препознатлива визуелна поетика не асоцира на културното и историско наследство на градот. Човекот кој е заслужен за прилично верната слика на Париз на своето време, својата фасцинација од градот ја преточил во документ за вистинската убавина на еден град. Неговото име е Ежен Атже (Eugene Atget). И покрај тоа што го променил светот на фотографијата, во годините кога живеел и творел останал потполно непознат.

20

Младиот Атже се доселил во Париз во 1878. година со сеоема друга намера, да се прослави како глумец. Не успеал да запише глумачка акдамија, се обидел во сликарството, но и тука не успеал да се реализира. Почнал да ги фотографира околните места на Париз и околу 1890. година конечно се занимава со фотографија потполно посветено. Систематски го фотографира Париз и се она што го прави градот, но работи и мртава природа и останати мотиви кои би им биле потребни на сликарите. Едноставно, тргнал да „бележи“.

19

Специфично за почетокот на работата на Атже е односот кон фотографиите. Ги нарекувал документ за уметници, се смета дека поради јазичната бариера во контактот со Англичаните, овој термин не е добро формулиран. Во тоа време, поимот документарна фотографија не постоел, а таков приступ кон фотографијата и светса за тоа биле на мошне ниско ниво.

12

Атже, тогаш не го ни претпоставувал тивкото откритие кое го внел во фотографската поетика. Сликарите ги купувале и користеле неговите фотографии за своите потреби, а Атже е наречен „автор-уредник“, им доставувал сцени од Париз и од тоа заработувал.

5

Со Атже, мошне евидентно доаѓа нов вид на естетика, сосема спонтано, нешто што носи и нагласува димензија на реалното во фотографскиот медиум, документ кој содржи информации и не настојува да ја имитира сликата, и покрај тоа што, парадоксално, Атже ги продава токму како помошно сретсво за сликарите.

Неуморно лутал низ Париз и го бележел секогаш променливото и никогаш конзистентното лице на градот, секогаш она што е сега, а на како го паметиме.

8

Сакал да го претстави Париз таков каов што е, ниту голем, ниту богат, ниту грандиозен, пред се неочекуван, стар, преполн со детали, кои неговите посетители воглавном ги игнорираат. На неговите фотографии гледаме проститутки со отсутни погледи, згради кои само што не се урнале, работници кои се веселат во некој зафрлен агол – животот на Париз, предмети и лица кои го прават стварен.

14 6

Останива незапазен за голем дел на тогашната уметничка сцена, но спелтот на околности привлекува внимание на неколкумина. Имено, Атже живеел во иста улица каде живеел и славниот Ман Реј. Дури кон средината на на дваесетите години, асистентката и љубовница на Реј, и самата фотограф Бернис Абот (Bernice Abbot) сосема случајно, на пат кон ателјето, ќе ги открие феноменалните дела на Атже. Таа ќе почне често да го посетува неговото студио и да ги купува фотографиите. Била фасцинирана од овој тивок, енигматичен старец, кој избегнувал експонирање и одбивал да се појавува на уметничката сцена. Единствен портрет на Атже, направен непосредно пред неговата смрт, го направила токму Бернис Абот.

11

Ежен Атже, фото: Бернис Абот

По неговата смрт во 1927. година, Абот ќе почне интензивно да ја промовира неговата работа и објавува книга „Атже – фотограф на Париз“. Така Атже ќе окупира и инспирира многу уметници на 20. век, ќе го сметаат за свој узор и зачетник на документарната фотографија.

1 2 3 7 9 17 13 18

4

Испрати коментар

Scroll To Top