Насловна / Вести / Техничкиот универзитет во Виена направи едноставен апарат за кислород

Техничкиот универзитет во Виена направи едноставен апарат за кислород

Новиот апарат за кислород осмислен од страна на научниот тим од Техничкиот универзитет во Виена (Technische Universität Wien), се состои од само неколку едноставни делови и наскоро би можел да се најде во употреба. Заболените кои ќе имаат потреба од кислородна поддршка, сега ќе можат да го добијат кислородот директно од воздухот, односно без кислородни боци. Имено, воздухот кој се обезбедува преку компресор (безмаслен и со потребните филтри за обезбедување чистота за медицински цели) се збогатува со кислород  со помош на специјална мембрана. Од тимот истакнувааат дека ваквиот пристап многу ќе помогне во ситуации кога треба да се опслужат повеќе пациенти, но и да се заштедат ресурси. Во зависност од капацитетот на компресорот и раздвојните мембрани, еден уред може да опслужува 20 пациенти истовремено. Професорот Харазек долги години се занимава со истражување на технологиите со мембрана применети за раздвојување на гасовите. „Во вообичаен случај воздухот се испраќа низ мембраната за да се добие азот и да се исфрли кислородот. Тоа е веќе позната техника. Тој принцип се применува и овде, само обратно. Така се добива концентрација на кислород од околу 40%“ вели тој. Повеќе информации се достапни на следниот ЛИНК

tuw2

tuw3

Испрати коментар

Scroll To Top