Насловна / Архитектура / Музејски комплекс Суш во долината Енгандин, Швајцарија

Музејски комплекс Суш во долината Енгандин, Швајцарија

Долината Енгандин се наоѓа во најголемиот кантон на Швајцарија, Гројбунден, на југот од земјата. Се граничи со Австрија и Италија. Енгандин е познат по најголемите зимски скијачки центри на швајцарските Алпи, како Давос, Ст. Мориц и Клостер. Но долината Енгандин одамна се развива и како место за уметност во која има многу музеи и културни центри. Како места за повремени изложби се користат и многуте ресторани и делови од хотелски холови. Важен меѓународен уметнички настан во Енгандин е ,,Енгандин-уметноста зборува“, кој се одржува секоја година.

created by dji camera

За развојот на Енгадин како центар за уметност помогнале и многу познати фамилии на уметници  како фамилијата на Алберто Ѓакомети (1901-1966), фамилиите на писателите Кла Биерт (1920-1981) и Романа Ганзоли како и поетесата Лета Самедини. Треба да се споменат и архитектите кои дале голем придонес за развој на овој дел на Швајцарија како место за уметност како Николау Хартман, Ханс Јорг Рух, Дури Витал како и британскиот интернационален архитект Сер Норман Фостер.

18_resize

На 2.1.2019 отворен е нов музејски комплекс Суш во областа Енгандин. Лоциран е во мало село и историско место покрај реката Ин, покрај остатоци од средновековен манастир. За оформување на овој музејски комплекс адаптирани се и реконструирани неколку објекти од руралниот манастирски комплекс и тоа куќата на Викарот, објектот со економски простории и болница. Манастирот бил изграден во 1157 година, а во 19 век додаден е уште еден објект над природниот планински извор на вода, за пиварница.

f427c1d40dc43c6756a9da9e20fe5837_resize

Основач и инвеститор на целиот музејски комплекс е полскиот колекционер на уметнички дела Grazyna Kulcyk.Тој долго време е поддржувач и на современите уметности, особено ги проучува делата на жените уметници. Секогаш бара емоционална врска помеѓу современите уметнички дела и секојдневните нешта кои понекогаш можеби се испуштени, занемарени или погрешно прочитани. Музејот Суш треба да придонесе за препознавање и поголема видливост на современите уметници и нивните уметнички дела со кои укажуваат на актуелните проблеми.

Museum 14_resize

Проектната програма за музејскиот комплекс е заснована на овие познавања и проучувања на Grazyna со цел да се добие музејски комплекс во едно инспиративно опкружување и прекрасен пејзаж за уметничка продукција, медијација, интересен простор за изложби, експериментални презентации, перформанси, едукација, работилници за уметници, интересни доживувања за посетителите и поголемо приближување и разбирање за современите уметности. Grazyna Kucyk е и долгогодишен посетител и вљубеник во областа Енгандин.

Muzej Sus 4_resize

Автори на оваа реконструкција и адаптација на постојни манастирски објекти во музејски комплекс се швајцарските архитекти Chasper Schmidlin и Lukas Voellmy со тимови од нивните проектантски бироа. Постојните руинирани структури се суптилно реконструирани, адаптирани и рекомбинирани во една нова комплексна форма, музејски комплекс, во прекрасно природно опкружување.

susch17_resize

Кога ќе пристигнете до комплексот, однадвор тој и не е многу необичен или спектакуларен. Скоро сè е задржано во првобитниот изглед. Објектите однадвор си ја задржале постојната форма и обработка на фасадите. Фасадите се бели, косите кровови се покриени со камени плочи, стреите се обработени со дрвени штици и греди, а сите надворешни прозорци и врати се дрвени како што биле отсекогаш. Прозорците имаат и дрвени капаци.

Susch16_resize

Во двата објекти покрај реката, веднаш до селската црква сместени се различни придружни  простории за музејот: сала за заеднички настани, библиотека, бистро, канцеларии и простории за престој на уметниците.

Музејот во објектот е ,,залепен до карпа“. За да се добие поголем и нов простор за изложби, проширувањето е направено под земја и во влажна карпа, со длабење на 900 тони карпа, со што се добил нов и поголем простор за изложби, кој е и уникатен и необичен. Овие нови простории се климатизирани и едноставно осветлени. Во внатрешните простории на музејот во постојниот објект архитектите задржале многу од постојните детали и елементи, но додале и многу новини, во сè со консултација и одобрување на Одделот за зачувување на историски објекти и знаменитости на кантонот Гројбунден. Музејските простории се движат од централната бела коцка лево и десно, па сè до просториите издлабени во карпата. Музејските простории во постојниот објект имаат и зенитално природно осветлување.

Museum26_resize

За оваа реконструкција користени се современи технологии за градење и нови градежни материјали, но вградени се и многу локални и регионални материјали. Дрвото потекнува од шумите во Енгандин, песокот од локалната река Ин, карпите извадени за време на градењето се ставени во бетонот или се вградени во надворешните ѕидови или патеки. На објектот работеле столари, лимари и бравари од регионот.

Muzej Sus 6_resize

Перцепцијата и читањето на местото-локацијата се двосмислени, и религиозно- манастирски комплекс и природно-историско место. На швајцарските архитекти им било порачано да ги реконструираат, пренаменат и прошират овие постоечки структури според индивидуална визија. Целиот проект успешно балансира помеѓу историјата на зградите и дизајнирањето нов простор за изложување современи уметнички дела без многу интервенции на постојните објекти. Манастирот е објект за продукција и новиот музејски комплекс е објект за продукција на уметност, природната историја и пејзажот не се нарушени однадвор со новите реконструирани објекти, а се провлекуваат и во внатрешноста. Природната историја на местото се чита секаде. Многу успешна и суптилна реконструкција и пренамена на постојни објекти. Сè е исто, но не е. Нов живот на стари објекти, без нарушување на постоечкиот баланс природа – Алпи – повеќе градежни структури – бели коцки – река.

muzeum-susch-chasper-schmidlin-lukas-voellmy-subterranean_resize

Швајцарските архитекти сè повеќе постојано и континуирано покажуваат посебен осет и баланс при големи интервенции, реконструкции, адаптации и пренамена на постојни објекти, при што на самата структура на постојниот објект ѝ приоѓаат со голем респект и потенцирање на историските и другите вредности на објектот. Традиционалните  занаетчиски техники  и регионалните градителски традиции сè повеќе се применуваат при вакви градежни зафати, а тоа е додадена вредност на секоја реконструкција и пренамена на постоен објект. Со ваква мисла и работа секогаш се добива нов современ објект кој со многу суптилно избрани материјали и детали потсетува на старото.

Музејот Суш во долината Енгандин е прогласен за најдобар објект за 2019 година во Швајцарија, а е номиниран и за годишната наградата ,,Европски музеј за 2020 година“.

Музејот за една година , откако е отворен има неочекуван број на посетители, 30 000.

Автор: Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх.

museum24_resize Museum20_resize Muzej Sus 7_resize Muzej Sus 8_resize Muzej Sus 9_resize Muzej Sus 10_resize Muzej Sus 11_resize Muzej Sus12_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top