Насловна / Вести / СЗО: Поради загаден воздух, годишно во светот умираат осум милиони луѓе

СЗО: Поради загаден воздух, годишно во светот умираат осум милиони луѓе

Повеќе од 90 проценти од глобалната популација дише високо ниво на загаден воздух, предупредува Светската здравствена организација, а главна причина за смртта на речиси осум милиони луѓе годишно, според СЗО, е загадениот воздух.zagadenost

Во најновиот извештај на организацијата се наведува дека во секој агол од планетата Земја има загаден воздух, а проблемот е далеку поголем во сиромашните држави.

„Загадениот воздух ни се заканува на сите, но најсиромашните и најмаргинализираните луѓе го носат најголемиот товар“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Амбиенталното загадување на воздухот било причина за смрт кај 4,2 милиони луѓе во 2016 година, а загадувањето на воздухот во куќите, предизвикано од готвењето и штетните горива и технологијата, е одговорно за 3,8 милиони смртни случаи таа година, се наведува во најновиот извештај на СЗО.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top