Насловна / Вести / Супермаркет во Тајланд користи еко пакување од листови од банана

Супермаркет во Тајланд користи еко пакување од листови од банана

Платичниот отпад е насекаде, од океаните и морињата, па до нашата трпеза каде завршува во вид на микропластика во солта. Веќе се објавија и извештаи кои предупредуваат дека до 2050 година, ќе има повеќе пластика во морињата отколку риби. Токму затоа, веста за еден супермаркет во Тајланд кој ги пакува производите во несекојдневна еко амбалажа, доби огромен публицитет. Имено, тие користат листови од банана и бамбус за пакување на продуктите. Фотографиите од супермаркетот станаа многу популарни на социјалните мрежи, и наидоа на огромна поддршка од јавноста, а особено од страна на еко активистите. Дополнителен бенефит од оваа амбалажа е и фактот што таа понатаму може да се компостира.

eco1

eco2

eco3

eco4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top