Насловна / Вести / Сериозен инженерски потфат на Тибет: Изграден највисокиот тунел на светот

Сериозен инженерски потфат на Тибет: Изграден највисокиот тунел на светот

На Тибет, пуштен е во сообраќај тунел кој се наоѓа на автопат со највисоката надморска височина во светот, 4750 метри. Двонасочниот тунел е долг околу 5,7 километри и претставува дел од автопатот долг 400 километри, што ги поврзува главниот град и градот Нингци на југоистокот од Тибет. Изградбата на тунелот започнала во 2015 година, а со неговото завршување патот е скратен за 12,3 километри.  И покрај екстремно ладното време како и недостатокот од килород поради огромната надморска височина, над 2000 работници кои учествувале во изградбата успешно им одолеале на овие и на многу други предизвици.

Споменатиот автопат се посочува како важен сообраќаен правец за источниот дел на Тибет. кој помага во зајакнувањето на туризмот, развојот на индустријата и подигањето на квалитетот на живот на локалното население.

tunnel1

tunnel2

tunnel3

tunnel4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top